Кој на што е роб?

Ако пушиш ти си роб на тутунската индустрија.

Планот да се биде екс роб или слободен човек не е ни малку едноставен.

 
 

Само некои бивши пушачи може да се пофалат дека им било лесно да се откажат.

Еве пример на еден познат глумец кој го применил својот т.н. Дагласов метод на одвикнување од пушење и рекол:

„За жал, откако научив да пушам, не можев да запрам. Многу брзо бев навлечен да пушам по две паковања дневно и останав на тој начин околу десет години. Кога решив да престанам нормално поради здравствени проблеми, го прифатив методот што татко ми го користеше кога тој се повлече. Тој секогаш си носеше цигара во џебот на кошулата, и секојпат кога ќе почувствуваше дека сака да пуши, ќе ја извадеше цигарата и ќе се спротивставеше со следните зборови “Кој е посилен? Ти? Или јас? “” Секогаш одговорот беше ист: “Јас сум посилен”. И тогаш цигарата ќе одеше назад во кошулата , до следната желба за пушење. Тоа работеше за него, и тоа проработи и на мене. ~ Кирк Даглас (Синот на Рагман)

  
 

Но има и такви кои го рекле следното:

„Да се престане со пушењето е најлесната работа што некогаш сум ја направил, тоа јас треба најдобро да го знам, бидејќи сум го сторил тоа илјада пати„ – Mark Twain/Марк Твен

„Ако на жената не и се допаѓа аромата на вашата пура, веднаш сменете ја својата жена. ~ Zino Davidoff / Зино Давидоф

 
loading...
 

Цигарата има “… оган на едниот крај и будала на другиот.” ~ Horace Greely/Хорас Грејли

Еден стенд ап комичар се пошегува дека “истражувањата покажале дека пушењето е една од водечките причини за постоење на статистиката”.

Додека тоа веројатно е вистина, причината поради која се проучува толку многу е тоа што пушењето е многу скапа навика.

Зависноста која ја создава никотинот е толку силна и продорна во крвта што постојано ги засилува искушенијата и сензорите што ги потикнува пушачите да светнат со запалката.

Што се однесува до работодавците студиите покажале дека пушачите имаат значително поголем отсуство од непушачите: пушачите во просек имаат по осум денови боледување годишно повеќе од непушачите.

Сепак сум прочитала многу статии од целиот свет кои сведочат дека милионите кои успешно отстапиле, се доказ дека животот без пушење е остварлив, дури е потврдено и од оние што биле редовни, тешки, пушачи со децении.

Во моментов, во Македонија половина од населението над 15 години се редовни пушачи кои, ако останат пушачи, во просек може да очекуваат животен век 10 години помалку (согласно научните истражувања).Се проценува дека еден човек годишно пуши по 2310 цигари или 115 кутии. Лекарите предупредуваат дека од вкупниот број смртни случаи на возраст од 35 до 69 години, 21% се како последица на пушењето.Тоа се големи оптоварувања за здравствените фондови и големо намалување на работната и секаква друга човечка продуктивност.

Пушењето е далеку најголема причина за рак што може да се спречи. Благодарение на долгогодишните истражувања, врските помеѓу пушењето и ракот сега се многу јасни. Пушењето брои повеќе од 1 во 4 смртни случаи од ракот во светот, а скоро една петтина од сите случаи на рак.

Добрата вест е дека многу од овие смртни случаи може да се спречат, откажувајќи се од пушењето.

Од таканаречената тутунска епидемија во светот годишно умираат речиси 6 милиони луѓе, од кои 600 илјади се пасивни пушачи.

На сите научни советувања од областа на медицината докторите констатираат дека од пушачите половина ќе умрат од болести поврзани со тутунот, а многу други ќе страдаат од хронични болести предизвикани од пасивното пушење. Тешкото пушење цигари може да ги зголеми ризиците на лицата за добивање орален карцином и други 13 типа на рак, рак на белите дробови и проблеми со срцето.

Не постои магична пилула или формула за да се победи назад зависноста од никотин, велат докторите. Сепак советуваат дека со подобро разбирање зошто пушите и со различни алатки што можете да ги користите за да го контролирате потребата да запалите, можете да престанете да бидете роб на вашите цигари. Не бидете  себични кога станува збор за заштитана своето и здравјето на најблиските.

Законодавството на ЕУ е насочено кон создавање што повеќе околини без чад (Smoke-free environments).

Причините за ова датираат уште од истражувањата спроведени 2009 година каде според конзервативните проценки на стручните лица, повеќе од 79 000 возрасни лица, вклучувајќи и 19 000 непушачи, починале во ЕУ во 2002 година, при што е констатирано дека  поради изложеност на чад од тутун по дома (72 000) а од изложеност на тутун на нивното работно место вкупно (7300).

Според истражувањето на Евробарометер (Eurobarometer survey) од март 2009 година е утврдено дека 84 отсто од граѓаните на ЕУ се изјасниле во корист на канцелариите без чад и други работни места во затворени простории, 79 отсто во корист на ресторани без чад и 61 отсто за поддршка на без чад барови и пабови.

Како резултат на ова истражување Европската комисија дала препораки во 2009 за заштита на граѓаните на ЕУ од пасивно пушење

Во моментов, 17 земји на ЕУ имаат сеопфатни закони за пушење. Меѓу нив се: Ирска, Велика Британија, Грција, Бугарија, Малта, Шпанија и Унгарија кои имаат најстроги одредби за пушење со целосна забрана за пушење на затворени јавни места, во јавен транспорт и на работните места, со дозволено пушење само во ограничени простори како исклучоци.

Според објавениот статус на ЕУ анализирајќи ги различните прописи за пушење е заклучено дека во февруари 2013 година, Комисијата објавила извештај во кој се сумира состојбата со имплементацијата на Препораката на Советот за создавање средини без чад од 2009 година. Извештајот открива дека:

  • Сите земји на ЕУ усвоиле мерки за заштита на граѓаните од изложеност на чад од тутун. Националните мерки значително се разликуваат во обем и ограничувања. Најстроги мерки беа воведени од Ирска, Велика Британија, Грција, Унгарија, Бугарија, Малта и Шпанија.
  • Извршувањето се чини дека е проблем во некои земји-членки. Сложеното законодавство (т.е. закон со исклучоци) е особено тешко да се спроведе.
  • Фактичките стапки на изложеност за граѓаните на ЕУ се намалија од 2009 до 2012 година, на пр. за граѓаните кои посетуваат барови и пабови стапката на изложеност падна од 46% на 28%.
  • Белгија, Шпанија и Полска се примери за земји каде усвојувањето на сеопфатно законодавство доведе до многу значителни падови во изложеноста на тутунски чад во краток временски период.
  • Ефектите врз здравјето од законодавството против пушењето се непосредни и вклучуваат намалување на инцидентите на срцеви удари и подобрувања во респираторното здравје кај луѓето. Економскиот ефект на легислативата без лекови е позитивен или неутрален.

И во Македонија целта на донесениот Закон за заштита од пушењето е поради горенаведените насоки дадени од ЕУ. Токму во член 1 се наведени причините: Член 1

„Со овој закон се уредува заштитата од штетните дејствија на пушењето на тутун и други производи од тутун врз граѓаните, зачувувањето на здрава животна средина,забрана на пушењето во одредени јавни простории и забрана за рекламирање на цигарите. „

Целта на оваа регулатива и на меѓународниот ден без тутун (31 мај)  е да се заштитат сегашните и идните генерации од употребата на тутун и изложеноста на чадот од него и тоа е оправдана цел , хумана, несебична и со најмала намера некого да дискриминира.

Не постои никаков безбеден начин да се користи тутунот, ниту пак начин нешто да излечи.

“Smoking cures only weight problems, eventually.” – Steven Wright

Повеќе информации може да се добијат од следниот линк.

(229)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Бенита Белешкова

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени