loading...

Новоформираното здружение на ендемскиот вид Срби – ‘Дачич’, со гордост ја објавува својата платформа за понатамошен развој и интеграција на Србите во Република Македонија.

Во духот на добрососедството и верноста кон асимилирање кое Македонците го прават врз Србите а овие тоа го дозволуваат, од името на се помалиот број Срби, ги нотираме нашите 5 главни точки без кои ПЈРМ нема да добие глас од нас при иден референдум за влез у ЕУ:

– Новак Џокович да биде прогласен за културно наследство на Македонците и да добие позлатен пасош.
– Да се направи српска верзија од химната во која поред Гоце и Питу ќе се споменат и Вук Драшковиќ и Никола Џуричко.
– Пред влез у ЕУ 5 девици за Милош Теодосиќ
– Куманово да се прогласи за српски кантон во кој ќе се воведе српскиот као задолжителен јазик у кафичи за време на дерби Ѕвезда-Партизан
– Секој Србин да добие годишна надокнада од 100 000 за лојалноста кон земјата.

Воедно, до претседателот Ѓорге Иванов упатуваме молба повеќе да не молчи и јавно да признае дека навија за Ненад Зимоњиќ у дубл и дека по некад мава дуњовача уместо жолта лозова.

До несудениот вечен лидер на Македонците, господинот Никола Груевски, упатуваме апел јавно да признае дека се има поистоветувано со ликови од неколку српски серии, како и дека фудбалската умешност ја црпи од легендата Владимир Југовиќ. Воедно се надеваме дека ќе излезе во пресрет на сите Македонци кои навиваат за Србија и ќе овозможи гратис лекарства пред, за време, и после утакмица.

Од севселенскиот премиер на Србија, господин господин Вучич, поради носталгијата на голем број наши припадници кон Југославија, бараме да не се користи кратеницата БЈРМ прибидејќи при секое нејзино појавуење/изговарање на РТС по еден наш сограѓанин-југоносталгичар доживува срцев удар.

Општина Аеродром како мнозинска населба со бивши генерали на ЈНА и почитувачи на српскиот сленг у скопскиот дијалект, да се прогласи за предградие на Земун и така полесно поголем број граѓани да се стекнат со српско државјанство.

Здружението за родова еднаквост на Србинки без силикони ‘Јелена Томашевиќ’ од Кучевиште, бара од МРТ да одвои 10 минути во неделното издание на Видик во кое домаќинките ќе споделуваат рецепти за кајмак и сарма со цели парчиња месо. За пити ќе споделуваат мултуетнички искуства со припадници на Македонската етно-нација.

Поради љубовта кон татковината и припаѓањето на македонската нација, Здружението на ендемскиот вид Срби – ‘Дачич’ и Здружението на Србите за кралот – ‘Темпо’ од Куманово, се откажуваат од барања за споменици, грб, и ново знаме. Заеднички став е дека еден споменик на Драган Николиќ во друштво на Чкаља ќе ги задоволи скромните барања на Србите.

Гренд-слем финалињата на Ноле да се пренесуваат на националниот сервис, додека од српска страна се бара да се негира кривицата на Македонците за признавање на непостоечката држава Косово поради нивното несогласување со истата.

Последна точка од ова барање е да се намали бројот на Македонци кои навиваат за српски клубови поради нелојална конкуренција и потиснување на малата група Срби кои ги поддржуваат овие клубови. Од господин господин Вучич бараме Србите во Република Македонија годишно да добиваат по 20 милиони евра државни субвенции, со оглед дека Црвена Ѕвезда ги добива тие средства, а Партизан не, па вака би отишле истите во покорисни цели.

За кралот, дедовината и бановината,
ЗЕВС – ‘Дачич’

@DeteOdBeton – 23ka.wordpress.com

(163)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливада.мк
Livada.mk е концепт на портал/блог каде сите поединци или организации може да објавуваат свои колумни, анализи, отворени писма, искуства, патеписи, хроники, поезија, раскази, рецепти, да објават некој настан во најава или некое свое аматерско или професионално видео. Ги очекуваме вашите материјали преку овој линк за да ги објавиме.

Tags:

22.05.2017. Елена Танаскоска
Виктор Ц. Стојановски
23.05.2017. Сашо Тасевски

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • Mени