| 30.10.2017. ЕВОЛУЦИЈА

Време е малку да ја покренеме свеста околу загаденоста и рамнодушноста со која ја следиме секоја зима. Овие бројки кои се изнесени во неодамнешно истражување, покажуваат дека загадувањето е најпотентниот убиец на денешницата. Според оваа обемна студија објавена на Лансет, една од секои шест предвремени смртни случаи во светот во 2015 година – околу 9 милиони – се припишува на болест предизвикана од изложеност на загаден воздух.

Во извештајот се проценува дека трошоците за смртни случаи поврзани со загадувањето пораснале на 4,6 трилиони долари, или околу 2,6 отсто од светската економија.

Епидемиологот Филип Лендриган, декан на Медицинскиот факултет за глобално здравје во Истан, Њујорк, и водечки автор на извештајот, вели дека студија фокусирана на смртните случаи поврзани со загадувањето никогаш досега не била направена, и дека е представува честа појава на криза во многу населените земји во развој.

 
 

“Загадувањето е масовен проблем што луѓето не го гледаат бидејќи гледаат расфрлани делови од него”, рече Лантриган.

Смртта на 9 милиони луѓе е само делумна проценка, се вели во студијата, и овој број несомнено ќе се зголеми откако ќе се развијат соодветни методи за оценување.

 
 

Многу населени места, како Субсахарска Африка, допрва треба да создадат системи за следење на загадувањето на воздухот. “Особено, загадувањето на почвата има добиено малку внимание”. “A да не говориме за фактот дека се уште има многу потенцијални отрови кои се игнорираат, со помалку од половина од новите 5.000 хемикалии кои се широко дисперзирани низ средината од 1950 година наваму, да биле тестирани за безбедност или токсичност”.

Населението во Азија и Африка е меѓу најизложените на ризик, а Индија води во секој поглед кога станува збор за загадувањето.

“Една од секои четири предвремени смртни случаи во Индија во 2015 година, или околу 2,5 милиони, им се припишува на последици причинети од загадувањето”. “Загадувањето во Кина беше второ најсмртоносно, со повеќе од 1,8 милиони прерани смртни случаи, или еден од пет, за кои се обвинува болест поврзана со загадувањето, покажа студијата.”

 
loading...
 

Еден човек носи маска на плоштадот Тјенанмен за време на еден многу маглив ден во Пекинг

Додека скоро една петтина од предвремените смртни случаи во земјите како што се Бангладеш, Пакистан, Северна Кореја, Јужен Судан и Хаити биле поврзани со загадувањето, многу од овие земји допрва треба да го направат справувањето со загадувањето приоритет, се вели во студијата.

Неодамна, граѓаните на Њу Делхи го исполнија небото со огномет кој како последица ослободи забранети честички познати како PM 2.5 за време на нивните прослави на Дивали. Измерените нивоа на честички поминале над 900 делови на милион, 90 пати повеќе од границата препорачана од Светската здравствена организација и 22 пати повисока од границите пропишани во Индија.

И во најчестите случаи најсиромашните во светот се оние кои најмногу страдаат. 92% од смртните случаи поврзани со загадувањето се случуваат во земјите со ниски приходи, каде креаторите на политиките се позагрижени за градење на нивните индустрии и економии отколку за здравјето на нивните граѓани.

(23)

Тим ЗА -0%
 
 
Тим ПРОТИВ 0%
Гласањето е затворено
  
Ливадџија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

  • Hема коментари
  • Hема коментари
  • HTML Snippets Powered By : XYZScripts.com
    Mени