Ако пиете горко кафе, ова нема да ви се допадне

Луѓето кои сакаат горко кафе имаат психопатски карактеристики тврди истражување објавено во магазинот Апетит. Истражувањето е спроведено на Универзитетот во Инсбрук и покажува дека оние кои го сакаат горкиот вкус можат да се поврзат со психопатско однесување. Најголема корелација постои меѓу горката храна и „секојдневниот садизам“, кој истражувачите го опишуваат како чувство на задоволство кога на другите им нанесуваме мало количество болка.

Истражувањето е спроведено на повеќе од 1.000 возрасни, кои требало да кажат кои вкусови го сакаат, пренесува Неделник.

 
 

Испитаниците биле подложени на психотестови за да се испита кои асоцијални особини, како садизам, нарцисоидност и психопатија, ги поседуваат.

  
 

Сепак, не е во прашање само горкиот вкус на кафето, туку и на ротквицата, целерот или тоникот. Оние кои генерално сакаат вакви вкусови, според ова истражување, имаат психопатски карактеристики на личноста.

Знаци дека пиете премногу кафе: Обрнете внимание за да не му наштетите на организмот!
Знаци дека пиете премногу кафе: Обрнете внимание за да не му наштетите на организмот!
Повеќето луѓе не го започнуваат денот без шолја кафе, но добрата вест е што кафето нуди многу здравствени придобивки, како што се подолг животен век и намален ризик од деменција. Меѓутоа, ако претерате со оваа напивка, може да дојде до негативни последици кои можеби и сте ги почувствувале досега, но не сте ги поврзале со кафето. Секако дека не мора да се откажете од овој пијалака, само водете сметка да на претерате со дневната количина. Ова се знаците дека пиете премногу кафе…

Вознемирени сте
Може да станете нервозни од премногу кафе, бидејќи кофеинот го стимулира средишниот нервен систем додека истовремено го покачува нивото на адреналин, допамин и глутамин. Оваа комбинација може да доведе до тегоби, нервоза, забрзано срцебиење и раздразливост, па дури и лутина.

Енергијата ви паѓа во текот на денот
Кафето може многу брзо да ве разбуди и да ви даде многу енергија, но кога ќе се потроши таа енергија ќе дојде силен пад. Некои истражувања покажале и како кофеинот може да ја уништи продуктивноста, што доведува до одбегнување на работните обврски.

Често одите во тоалет
Кофеинот е диуретик што значи дека по пиењето кафе почесто ќе уринирате, особено ако не пиете кафе толку често. Иако истражувањата покажуваат дека не можете да дехидрирате од кафе, вистина е дека ако не пиете доволно вода, вашето тело нема да биде доволно хидрирано.

Распоредот на спиење ви е нарушен
Експертите се согласуваат дека кафето може да го наруши сонот и да го намали неговиот квалитет, како и неговото траење. Дури и да пиете кафе 6 часа пред спиење, може да ви се случи да не заспиете навечер. Кафето исто така може да го наруши дневниот ритам на вашиот организам, поради што ќе се чувствувате многу уморно и забавено во текот на денот.

(76)

loading...

Вашиот коментар