Арчи е новото албино кенгурче во скопската золошка градина

Скопската зоолошка градина има уште еден жител. Станува збор за мало албино кенгурче кое деновиве шета со својата мајка, а негувателите во ЗОО Скопје го крстија Арчибалд или скратено го викаат Арчи.

Инаку, како што велат од Зоолошка градина, бебето кенгур е родено пред неколку месеци, но поради тоа што цело време се наоѓало во торбичката на мајка му, не било забележано од вработените.

 
 

Aлбино кенгурите се вистинска реткост и имаат снежно бело крзно и розеви рачиња и очиња. Неговото излегување од торбичката на мајка му каде цица и се превезува, било забележано од посетители на зоолошката кои оваа реткост ја споделија на Фејсбук.

  
 

Од Зоолошка велат дека ова не е првиот албино кенгур во скопската градина. Во неа од поодамна живее Пикси, албино женка кенгур која е многу питома и сака да се гали со посетителите.

(15)

loading...

Вашиот коментар