Голем број луѓе фантазираат дека ги изневеруваат партнерите со блиска личност

Повеќе луѓе фантазираат за секс со своите соседи или некои поблиски личности, особено оние кои редовно ги среќаваат. Тоа е резултатот од спроведеното истражување од страницата за запознавање Gleeden.

Имено, 62 % од жените често фантазираат за секс со соседот, додека 71 % од мажите сонуваат за сексуални фантазии со сосетките. За љубоморните партнери добра вест е дека повеќемината кои сонуваат за тоа не значи дека тоа и го реализираат.

 
 

Сексологот Даун Мајкл за американскиот Cosmopolitan откри дека фантазирањето не само што е нормално, туку и би им го препорачал на секој пар како “зачин” во сексуалниот живот. Тоа е особено пожелно кај жените кои тешко постигнуваат оргазам и мажите кои тешко одржуваат ерекција.

Но, ако некој секогаш баш за време на сексот помислува на иста личност во тој случај очигледно има сериозни проблеми кои би можеле да укажуваат на фактот дека моменталната врска не е задоволителна.

  
 

(68)

loading...

Вашиот коментар