Дали вашето тело не поднесува млечни производи?

Лактозата се наоѓа во многу производи: млеко, сирење, јогурт, но и во чоколадото и многу други производи. Сепак, многу луѓе не знаат дека страдаат од интолеранција на лактоза.

Симптомите не се толку силни како кај алергиите, па затоа луѓето и понатаму продолжуваат да консумираат млеко и млечни производи, а телото страда. Ако се сомневате, еве кои непријатни симптоми се показатели на интолеранција на лактоза…

 
 

1. Подуеност
Еден од типичните симптоми на интолеранција на лактоза е надуеноста. Се собираат јаглерод диоксид и метан во цревата и предизвикуваат голема надуеност.

2. Болка во стомакот
Ако страдате од гасови и надуеност, нормално е дека не можете да ги испуштате во секој момент. Меѓутоа, тоа има свои последици: кога ги задржувате гасовите, цревата се напнуваат и предизвикуваат болка и чудни звуци.

  
 

3. Грчеви во стомакот
Еден од симптомите на интолеранција на лактоза дефинитивно се грчевите во стомакот.

4. Дијареја
Уште еден симптом на интолеранција на лактоза е дијарејата. Телото не е способно да ја разгради лактозата во тенкото црево, па сето тоа се случува во дебелото црево. Притоа, меѓу другото, настанува и млечна киселина, поради која се насобира вода во дигестивниот тракт и настанува дијареја.

5. Запек
Можеби звучи контрадикторно, но со текот на времето интолеранцијата на лактоза предизвикува и запек. Тоа може да се случи кога во цревата настанува метан поради интолеранцијата. Цревата работат побавно поради гасовите и доаѓа до непријатен запек.

6. Мачнина и повраќање
Поради неспособноста на телото да ја разгради лактозата, дигестивниот систем е екстремно оптоварен и доаѓа до мачнина, а во потешки случаи и до повраќање.

7. Главоболка и вртоглавица
Нетипични симптоми на интолеранција на лактоза се главоболката и вртоглавицата. Не е целосно јасно зошто доаѓа до овие симптоми, но можно е поради лактозата во дебелото црево да се создаваат материи кои преку крвта стигнуваат до целото тело и така предизвикуваат проблеми.

(22)

loading...

Вашиот коментар