Дали и вие ги фрлате најздравите делови од лубеницата?

Кога станува збор за омилено летно освежување, многумина ќе посегнат по лубеница. Меѓутоа, повеќето луѓе не го внесуваат она што треба и ги плукаат семките. Според стручњаците, ова е вистинска штета.

Прво, велат тие, белиот дел од кората е јадлив па е вистинска штета да се фрли. Но дури во семките кои малкумина ги јадат, се наоѓа она што му треба на организмот.

 
 

„Семките од лубеница ги содржат сите хранливи состојки на кои можете да се сетите: протеини, здрави масти, витамини и минерали“, вели диететичарката Елизабет Сомер.

„Зошто да се фрла нешто што е одлично за здравјето, а може да има и одличен вкус?“, вели и објаснува  дека семките од лубеница се богати со витамин Е, а можат да бидат и одлична декорација за некои други оброци.

  
 

Ако немате желба да ги јадете семките од лубеница, Сомер открила рецепт како да се приготват за некои други јадења кои така ќе станат поздрави а ќе изгледаат и поинтересно.

Освен семките од лубеница ќе ви требаат и маслиново масло, лажица путер и зачини како црн пипер, црвен пипер и други кои сами ќе ги одберете.

Семките од лубеница натопете ги во солена вода и оставете ги два часа, а потоа исцедете ги. Загрејте ја рерната на 180 степени. Семките ставете ги во огноотпорен сад, додадете малку маслиново масло, поросете со мешавина од залини и додадете путер исечкан на поситни парчиња. Ставете ги во рерна на околу 40 минути па загрејте ја рерната на 200 степени и печете уште 15-тина минути додека семките не станат крцкави.

Извадете го садот од рерна, семките ставете ги на хартиена салфета која ќе го впие вишокот масти и почекајте добро да се оладат, а потоа ставете ги во некој сад со капак и чувајте ги во фрижидер.

(113)

loading...

Вашиот коментар