Дали и вие страдате од синдромот на компјутерски вид?

Како да ги заштитите очите, дури и во ситуации кога работата ве обврзува по цел ден да гледате во екранот?

Станува збор за честа појава кај луѓето што секојдневно поминуваат со часови пред компјутер или користат паметен телефон. Опфаќа група проблеми поврзани со видот (тешкотии при фокусирањето, чувство на треперење пред очите…), со очите (сувост, црвенило, јадеж, солзење…), како и некои споредни симптоми (главоболка, болка во вратот, замор, сонливост…).

 
 

Како да се заштитите?

1. Применувајте го правилото 20-20: на секои 20 минути насочувајте го погледот во далечина, што е можно подалеку, во времетраење од 20 секунди. Тоа ќе ги принуди очите да се приспособат на далечината на набљудуваниот предмет, што ќе им овозможи да се опуштат по долгото гледање во мониторот.

  
 

2. Набавете очила специјално наменети за работа на компјутер, со стакла што ќе им помогнат на очите помалку да се напрегаат, ќе го намалат отсјајот на екранот и ќе пружат појасни детали и подобар контраст.

3. Обидете се мониторот да биде оддалечен од вас барем во должина на раката (додека чукате на тастатурата или работите со глувчето, рацете нека ви бидат што е можно поиспружени). Важно: не заборавајте да трепкате за да може окото да добива доволно влага (а можат да помогнат и таканаречените вештачки солзи).

(34)

loading...

Вашиот коментар