Дали сте слушнале за хиперсексуализам? Погодува сè повеќе парови и се смета за болест

Хиперсексуализмот почнува сè повеќе да се вовлекува во врските и за жал руши сè она што сексот би требало да биде. На некои луѓе повеќе секс не им е проблем додека на други им е. Новиот термин кој се вовлече во пракса е хиперсексуализам.

Всушност, станува збор за некогашна нимфоманија, која сега добива ново име. Хиперсексуализмот нема за цел да имате фантастичен секс, туку да имате што повеќе секс. Често може да предизвика емотивни, но и психички и физички повреди.

 
 

Експертите сметаат дека станува збор за зависност слична на онаа на алкохолот или дрогата. Сепак, д-р Ананд Пател, специјалистот за сексуална дисфункција, вели за порталот “Metro” дека моментално дебатата дали е оваа состојба е болест или само одраз на одредено однесување е огромна.

“Истражувањата покажаа дека помеѓу 3 и 6 % се сексуално активни жени во оваа група. Мажите се секако повеќе погодени и често се хиперсексуални. Клучната разлика помеѓу некој кој сака секс и кој е зависен е дека оној кој е зависен дозволува сексот да му влијае и на другите сфери во животот. Ја запоставува работата, другите обврски, децата и пријателите…Сè друго е во втор план, единствена цел и смисла на сè е да имате секс”, вели д-д Пател.

  
 

Хиперсексуализмот опфаќа три компоненти: силни фантазии, сексуален нагон и чест секс.


Најчесто се јавува кај лицата кај кои тоа е наследно од членови од семејството кои веќе имаат таков вид на зависност, а лекувањето на оваа состојба се спроведува со терапија и медикаменти во најтешките случаеви.

(313)

loading...

Вашиот коментар