„Да не си паднала во шеќер како мала, многу си слатка“ – неинтелигентни фрази со кои се „пуштаат“ мажите на денешницата

Веројатно не постои човек кој не сака комплимент и пофалба. Но, кога звучат смешно и се граничат со бизарност, не знаеме како да реагираме.

Можеби ќе помислите дека следниве фрази се плод на фантазија, но бидете сигурно дека многу пати биле употребени во процесот на додворување или народски кажано „пуштање“.

 
 

Откако ќе ги прочитате и добро ќе се изнасмеете, последниот совет би бил – Немојте, значи немојте да ги употребувате никогаш. За сечие добро.

1. „Ќе сакаш ли да ме фатиш за рака, за да им кажам на другарите дека ме допрел ангел?“
2. „Дали си религиозна? Бидејќи си одговор на сите мои молитви“.
3. „Девојко, да не паднала во шеќер како мала? Многу си слатка“
4. „Имаш очи посини од Јадранското Море, можам да се удавам во нив“.
5. „Татко ти да не е терорист? Затоа што девојче, ти си БОМБА!“
6. „Те болеше ли кога падна од рајот?“
7. „Да не те викаат Google? Затоа што имаш сè што барам“.
8. „Премногу жешко е тука или до тебе е?“
9. „Нели си уморна? Цела ноќ ми шеташ низ мисливе“.
10. „Имаш име или може да те викам МОЈА?“
11. „Барам богатство, може да ти ги ѕирнам градите?“
12. „Ми се јавија од небото им фалел еден ангел… кажи ми каде да те скријам за да не те најдат?“
13. „Извини, се знаеме? – Не. Епа ајде да се запознаеме подобро“.
14. „Да си ми девојка нема да те пуштам никаде“.
15. „Како може ваква убава девојка да биде сама…?“
16. „Топ си, само јас ти фалам во животот“.
17. „Ако те нервирам сврти 192, ако те палам сврти 193, ако ти недостигам сврти го мојот број“.
18. „Девојко, си заборави нешто. Мене“.
19. „Може да ми дадеш твоја слика? Сакам да му покажам на Дедо Мраз што сакам“.
20. „Извини, колку е саат? Мислам дека е време да се запознаеме“.
21. „На ваква убавица како тебе одлично би ѝ прилегал ѕвер како мене“.
22. „Осети земјотрес? Затоа што каде и да одиш ја тресеш земјата со својата убавина“.
23. „За тебе ако треба и Том и Џери ќе ги смирам“.
24. „Девојко, имаш мапа? Се загубив низ твоето лице“.
25. „Штета што Македонија не е кралство, затоа што ти би била кралица“.

  
 

(236)

loading...

Вашиот коментар