Две неочекувани работи поради кои мажите им се привлечни на жените

Не е тајна дека жените и мажите имаат потполно поинакви критериуми кога е во прашање физичката привлечност.

Според едно истражување, изгледот на мажите не им е најважен на жените при изборот на партнер, туку постојат две карактеристики што влијаат на машката привлечност.

 
 

Се работи за гласот и мирисот. Мажот може да изгледа како еден од најпосакуваните холивудски актери, но тоа честопати не е доволно за да го забележат жените. Меѓутоа, во моментот кога ќе прозбори, тоа може да промени сè.

Истражувачите тврдат дека гласот може да покаже одредени особини кај мажите. Врз основа на гласот, може да препознаеме дали мажот е доминантен, сигурен во себе или пак се обидува да скрие некои несигурности.

Мирисот е другата карактеристика што игра важна улога кај привлечноста на мажите. Истражувачите откриле дека луѓето со векови се препознаваат меѓу себе врз основа на мирисот, а мажите кои убави мирисаат будат пријатни емоции кај жените.

  
 

Овие две карактеристики влијаат многу повеќе врз жените за разлика од физичкиот изглед на мажите.

(60)

loading...

Вашиот коментар