Еве колку калории губиме за време на различни спортски активности

Иако точните пресметки зависат од тежината, годините и други фактори, овие податоци за трошење на калориите за време на одредени активности можат да Ви помогнат во планот за слабеење.

Доколку сте одлучиле првите есенски денови да бидат почеток на занимавање со некој спорт и воедно слабеење, можеби овие податоци ќе Ви бидат од помош за тоа со која активност колку калории можете да изгубите.

 
 

Секако, попрецизни податоци се добиваат со пресметка и во таа прилика се земаат во предвид тежината, годините и некои други фактори, но ова ќе Ви биде доволно добар водич за донесувње на конечна одлука.

Пливање – Доколку се посветите на еден час пливање ќе согорите 720-840 калории. Со поопуштено пливање губите 528 калории, а со повеќе посветеност дури 892 калории.

  
 

Велосипедизам – За еден час возење на велосипед ќе согорите до 1.000 калории. Жените со просечна тежина согоруваат 850 калории, а мажите 950.

Скокање на јаже – За еден час мажите ќе изгубат 850 калории, а жените 750 калории.

Трчање – Доколку трчате брзо ќе согорите 1.074 калории, а доколку се одлучите за побавно трчање 755 калории.

Трчање на трака – 819 калории.

Зумба – После еден час зумба ќе имате 400 – 700 калории помалку.

Планинарење – Ќе потрошите од 400 до 700 калории за еден час. Во просек 546!

Суво веслање – Тренингот на сува весла активира 90 % од мускулите, а согорува 546 калории.

Фудбал – 937 калории.

(15)

loading...

Вашиот коментар