Експертите тврдат: Брачните расправии го уништуваат исклучиво здравјето на мажите

Проблемите во бракот имаат здравствени последици само по мажите, покажува новото истражување. Припадниците на посилниот пол, кои често се расправаат со своите партнерки, страдаат од несоница и мигрена.

Расправиите со партнерот можат да имаат емотивни и физички последици. Меѓутоа, се покажа дека, кога е во прашање здравјето, последиците од расправиите значително се поголеми кај мажите, отколку кај жените.

 
 

Ова истражување, спроведено на Универзитетот во Невада, траело години. Тоа покажа дека во браковите во кои има повеќе конфликти, мажите имаат повеќе здравствени проблеми и често страдаат од главоболка, несоница и имаат лоша здравствена состојба, пишува Дејли Меил.

Предводникот на истражувањето, Роузио Шраут вели дека довербата и разбирањето меѓу партнерите е многу важно во секоја врска.

  
 

„Кога се расправаат, мажот и жената еден кон друг се непријателски настроени. Тоа предизвикува разни непријатности, помеѓу останатото и здравствени. Истражувањата кои се паралелно спроведени покажуваат дека расправиите предизвикуваат многу стрес и го уништуваат имунитетот кај луѓето, и имаат негативно влијание на кардиоваскуларниот систем“, објаснува таа.

Истражувачите ги прашале брачните парови дали во изминатата една година се расправал околу една од шесте најчести теми за судир, а тоа се парите, децата, вероисповеста, како ќе го минуваат слободното време, односот со семејството на партнерот, како и односот со своето семејство.

Потоа ги запрашаче за здравјето и колку нивната здравствена состојба влијае на нивните работни обврски и дали во изминатата година биле доволно здрави. Запрашани се и дали го минуваат слободното време онака како што сакаат, имаат ли потешкотии со спиењето , дали се чувствуваат нервозно или фрустрирано и дали страдаат од главоболка.

На скала од еден до пет, истражувачите одличното здравје го оценуваат со петка, а често со склоност со разболување на едниот.

Паровите кои во почеткот на бракот не се расправале често добија оценка 4.07, додека паровите кои често се расправале здравствено се оценети со 3.86.

Следејќи ја здравствената состојба на брачните парови во следните 16 години, се покажа дека општото здравствена состојба не се променило значително.

Интересно е, меѓутоа, дека разликата во резултатте во целост зависи од здравјето на момците во бракот. Се испостави дека расправиите немаат никакво влијание на здравјето на жените.

Мажите кои се рапсравале со своите жени поради различни работи, како што се финансиите, семејните односи или воспитувањето на децата биле значително со полоша здравствена состојба од мажите кои помалку се расправаат со својата сопруга.

Најлошата здравствена состојба е забележана кај момците кои се расправале од почетокот на бракот, изјавија експертите на годишната конференција на Меѓународната организација за истражување на односи во Колорадо.

(168)

loading...

Вашиот коментар