За псоријаза, лишаи и сува кожа – откриен домашен моќен лек

Домашен лек против псоријаза кој можете лесно и едноставно да го направите, а потребни ви се само неколку билки. Во литарско шише или тегла се полни со цвет од кантарион, ситно исечкан цвет од невен и една рака ајдучка трева.

Во шишето потоа се додава масло – најдобро е маслиново или сончогледово.

 
 

Теглата треба да стои затворена на сончево место 3 до 4 недели. Ќе знаете дека е готово кога маслото ќе стане црвено. Се прецедува низ газа.

Потоа се додава уште 10 грама масло од смрека и 5 грама масло од лаванда. Се’ добро се меша.

  
 

Со добиеното масло се мачкаат заболените места 1 до 2 пати на ден. Маслото може да се употребува и кај други кожни болести: екцеми, лишаи, сува кожа, красти, изгореници.

Ако се потребни облози, се употребува корен од гавез, листови од жалфија.

(186)

loading...

Вашиот коментар