Зошто гледањето порно заедно е добро за вашата врска?

Порнографијата постои со причина и нема ништо лошо во тоа да уживате во малку сексуална фанатазија или стимулација, сами или во друштво на партнерот. Сѐ додека се применува во контролирани дози, како и сѐ друго, порнографијата не е штетна, дури и може да биде корисна.

Ако вие лично сакате да гледате порнографски содржини и знаете дека и вашиот партнер го сака тоа и сте го правеле одделно, можеби е добро време да седнете и заедно да гледате порно. Има неколку причини за тоа, велат сексолозите.

 
 

Гледањето порно обично е за да ве расположи и поттикне на секс или мастурбација, а гледањето порно со партнерот не треба да биде многу поразлично од тоа. Сигурно имате некои претпоставки како ќе тече таа активност. Можеби ќе се смеете, ќе бидете засрамени, ќе се возбудите или ќе отворите дискусија. Најверојатно ќе се случат сите или барем повеќето од овие работи и тоа уште првиот пат. И тоа е сосема природно.

Со гледањето порно со вашиот партнер ќе дознаете кои работи ви се секси и ве возбудуваат и двајцата, особено ако не се чувствувате многу вешти да го кажете тоа со зборови.

  
 

Пробувањето нови нешта во сексот може да биде тешко, особено иницирањето, но ако видите нешто што ви се допаѓа и едноставно го кажете само тоа, на тој начин ја отворате вратата за комуникација и го заобиколувате тешкиот дел со објаснување. Исто така, ова е можност да се изразите и што не ви се допаѓа.

Заедничкото гледање порно може да биде корисно и кога сексуалниот живот е влезен во рутина и ви треба здрава доза „стимулација“. Иницирањето секс не мора секогаш да биде вербално, а ова може да стане ваш начин на праќање (не толку суптилна) порака дека сакате малку акција.

Комуникацијата е важен дел од врската во секој поглед, па она што го гледате заедно со партнерот како порно содржина евентуално ќе влезе во вашиот репертоар на разговори и ќе ви биде полесно да ги комуницирате вашите сексуални потреби. Ќе повториме, сѐ што е во умерена доза може и треба да биде здраво за вашата интимна и сексуална врска со партнерот.

(220)

loading...

Вашиот коментар