Зошто се дебелееме кога сме во врска?

Има многу позитивни страни на тоа да се биде во врска со личност која ја сакате: ги споделувате добрите и лошите моменти, чувствувате топлина и сигурност, станувате подобра личност…

Сега науката покажува дека станувате и поголема личност, и тоа не во преносна смисла на зборот. Едно најново истражување од Универзитетот Квинсленд во Австралија покажа дека вистина е дека се дебелееме кога сме во врска.

 
 

Во обемното истражување, научниците ги анализираа податоците собирани во текот на 10 години од 15.000 луѓе и дојдоа до заклучок дека двојките во среќни врски „качуваат“ во просек по 5,8 килограми во споредба со нивните сингл врсници.

Исто така, тие открија дека во една година во просек се дебелееме по 1,8 килограм кога сме во врска.

  
 

Иако можеби се трудиме да се храниме поздраво и да внесуваме повеќе овошје и зеленчук, кога сме во врска и поминуваме многу време со саканата личност, почнуваме да јадеме повеќе количински во споредба со тоа колку јадеме кога сме сами.

Бракот и заедничкото живеење носат потенцијално поттикнувачко „нездраво“ однесување бидејќи двојките прават речиси сѐ заедно, вклучувајќи го и јадењето.

Учесниците во истражувањето одговарале на прашања поврзани со нивниот стил на живеење, како на пример колку се активни, колку често јадат брза храна и колку време поминуваат во гледање ТВ/гледање забавни содржини на компјутер.

Истражувањето покажа дека луѓето во двојки јадат повеќе овошје и зеленчук, помалку пушат и пијат, но исто така дека сѐ помалку внимават на тежината и се „опуштаат“ бидејќи не се во потрага по партнер.

„Кога луѓето во двојка веќе не чувствуваат дека треба да се атрактивни за да привлечат партнер, најверојатно им станува удобно да јадат повеќе или да јадат храна што содржи повеќе масти и шеќери“, вели доктор Стефани Шепе, водач на истражувањето.

А ситуацијата не се подобрува кога ќе имате деца, додава таа. Родителите често се дебелеат бидејќи постојано ја довршуваат храната што ја оставаат децата.

(13)

loading...

Вашиот коментар