Интересно истражување: Зошто жените се посреќни, но и понервозни од мажите?

Нема да ви откриеме ништо ново ако ви кажеме дека среќата зависи од повеќе фактори, односно од тоа со кој го поминуваме времето, што се случило во текот на денот, па дури и какво е времето надвор. Токму затоа и канцеларијата за национална статистика во Велика Британија спровела истражување со цел да добие одговор на прашањето кој е посреќен – мажите или жените.

Резултатите од анкетата покажале дека жените во глобала се позадоволни и посреќни од мажите, но исто така се и посклони на нервоза и поголеми изливи на емоции.

 
 

Анкетата ги содржела следниве прашања кои биле поставени и на двата пола:

  • Колку сте задоволни со својот живот деновиве?
  • Колку сметате дека тоа што секојдневно го правите е добро?
  • Колку среќни бевте вчера?
  • Колку нервозни бевте вчера?

Испитаниците одговарале со оценки од 0 до 10, од кои потоа се извлекувал целосниот резултат. Тоа што се дознало од прашањата е дека жените најчесто биле посреќни денот претходно, но и понервозни во однос од мажите.

  
 

Тоа што можеме да го заклучиме од ова истражување е дека жените повеќе умеат да уживаат во секојдневните ситници, иако истите можат да ги извадат од такт. Мажите се попрактични и чувствуваат среќа најчесто за поголемите нешта.

(23)

loading...

Вашиот коментар