Какви се хороскопските знаци во караниците?

Ако сфатите дека некој е подготвен да се кара со вас, тогаш не е лошо да бидете подготвени паметно да одговорите.

Зодијакот е тука да ви ги открие сите предности и маани на хороскопските знаци кога во прашање се расправиите.

 
 

ОВЕН
Како претставник на пламени знаци, Овен има многу краток фитиљ. Во состојба е да се разлути и за најмала ситница, а секаква увреда го доживува како напад врз сопственото его. Владетелот Марс го прави нетрпелив и агресивен. Меѓутоа, ако бргу се налути уште побргу простува. Неговите напади на гнев се бурни. Овенот поцрвенува, збеснува, вика, но во следниот момент сето тоа го заборава и се претвора во вистиско кротко јагне.

БИК
Бикот е земјен знак и тоа го прави многу трпелив. Некој би помислил дека е во состојба да трпи и додека некој му скока по главата, но тоа и не е така. Вистината е дека никој нема такви нерви како што ги има Бикот, но кога еднаш ќе се изнервира, не е нималку пријатно да се биде во негова близина. Кога „фитиљот ќе изгори до крајот“, се претвора во нешто како вулканска ерупција. Поради тоа на сите им се советува да не го прекорачуваат прагот на толеранцијата кај овој знак, а ако тоа го направат, да бегаат што подалеку.

  
 

БЛИЗНАЦИ
Близнаците се исклучителни интелигентни и хиперактивни. Немаат изливи на гнев и паника, но ако се изнервирани, ќе возвратат на противникот бирајќи вистински зборови во желба да го надмудрат, така што претходно ќе ја процени ситуацијата за да биде сигурен дека караницата нема да наштети на неговиот интерес. Бргу ќе се одлути, затоа што се води по логика и здрав разум и не прави проблеми само од корист. Својата нервоза ја лекува со слушање гласна музика.

РАК
Ракот воопшто не ги троши своите нерви на другите и ништо не може во него да предизвика паника. Тој се грижи и размислува зошто се изнервирал што била причината за тоа, но ретко има изливи на бес. Собира во себе, а се лекува со одење во кафеана или теретана. Никогаш не реагира избрзано, но ќе ја искористи секоја можност на противникот да му приговара за тоа што тој поради него морал да преживува. Ваквото задржување на гневот кај Ракот може да предизвика различни психосоматски проблеми.

ЛАВ
Како и останатите пламени знаци, Лавовите се експлозивни, но не во толкава мера како Овенот. Многу се раздразливи, но и по извесно време забораваат и преминуваат преку тоа. Лавот реагира веднаш и сите ги побива со аргументите. Со оглед дека е правичен, знае и да попушти ако види дека погрешил. Сепак, со оглед дека во суштина не сака расправии, а егоцентрик е, на време својата волја ќе ја истера и се ќе биде по негово.

ДЕВИЦА
Девица се смета за најсмирен знак во Зодијакот. Максимално се контролира и свесна е за секој збор и постапка, па како таква ретко кога зборува грдо или пцуе. Се воздржува од емоции и има убаво однесување, затоа што е премногу „културан“ за да отворено го покаже своето незадоволство. Меѓутоа, секогаш е незадоволна. Таа ги смирува нервите со читање книга и слуша музика дома или во кафеана. Поради криење на лутината со годините станува и депресивна. Ако смета дека погрешила или претерала, веднаш ќе се извини.

ВАГА
Вагата се труди да не се нервира или тоа барем да го сокрие. Ја погаѓаат ситници, дури и погрешни погледи. Кога сфаќа дека со часови се лутила за нешто, ќе започне да се умилкува за да ве освои повотрно. Максимумот на нејзиниот бес е да се сврти и да замине, затоа што нејзината дипломатска црта на карактерот не дозволува да влегува во караници.

ШКОРПИЈА
На Шкорпијата не и треба многу за да се налути. Првин ќе започне да провоцира и секогаш е подготвена за ниску удари. Потоа следуваат мноштво пцовки, а понекогаш е во стостојба физички да го нападне оној кој предизвикал гнев. Да ситуацијата биде полошта, тоа нема да биде доволно, па мора да го задоволи својот осветољубив нагон, па по оваа сценарио ќе направи палн како да се одмазди. Трпеливо ќе чека и ќе бара вистински момент за својата отровна одмазда.

СТРЕЛЕЦ
Стрелецот обично ги кине нервите на сите околу себе, затоа што обично го кажува она што го мисли дури и кога никој не ги прашува. Кога ќе се изнервира целосно се непредвидливи. Она што е сигурно е дека кога еднаш ќе го изнесе својот став, не го менува. Истовремено е можно ладнокрвно да ја порекне својата порака без желба за караници или да изкрши се околу себе од бес, да пцуе, вика и да крши предмети низ домот.

ЈАРЕЦ
Луѓето во овој знак се дисциплинирани, максимално им успева да се контролираат и се трудат да не се разбеснат. Но, ако Јарецот на крајот успее во тоа, во сосотјба е да прави бучава и галама и да не се смирува со денови. Меѓутоа, поради добрите односи со околината, подготвен е на отстапки, иако има нагон секогаш се да биде по негово. Знае да биде многу незгоден доколку се чувствува загрозено, пд оди од крајност во крајност и кога еднаш ќе ве отпише, знајте дека тоа е засекогаш и без втора шанса.

ВОДОЛИЈА
Водолијата ленсо се лути, но бргу и заборава. Се лути и кога чувствува дека некој и ја одзема слободата или кога некој се сомнева во неа. Со оглед дека мисли дека се најдобро знае, сака на другите да им „соли“ памет и да зборува како никој не може да управува со нејзиниот живот. Крие од другите кога е повредена, а тогаш станува најопасна. Подготвена е на агресија и одмазда.

РИБИ
Рибите се пречувствителни, се прифаќаат лично и поради тоа често се лути. Стално менуваат расположение и не знаат што сакаат. Но, затоа знаат што не сакаат, па кога некој ќе се обиде да им помогне во некоја одлука и тоа нешто може да ги разлути. Рибите, обично својот гнев го задржуваат за себе, што е лошо за нив, затоа што тоа подоцна создава депресија и тага. И кога се караат,  не се злонамерни, а ако им се извините, се ќе заборават.

(104)

loading...

Вашиот коментар