Каков алкохолен пијалак треба да конзумирате според хороскопот?!

Хороскопскиот знак во кој сте родени, не само што влијае врз вашата личност и карактерот туку влијае и врз вашиот избор на пијалок. Познатиот руски астропсихолог, Вадим Левин го опишува совршениот пијалок за секој хороскопски знак.

Овен
Лицата родени во овој знак често пијат пиво, но многу од нив, вклучувајќи ги и жените, сакаат водка со џус од домати. Мажите и жените „овни” често имаат активен начин на живот, а тоа понекогаш предизвикува недостаток на телесни течности, па затоа луѓето родени во овој знак пијат повеќе од било кој друг хороскопски знак.

 
 

Бик
Мажите од овој знак сакаат да пијат пиво, особено оние пива кои се погусти, а лесните, светли видови на пива не ги обожаваат. Жените од овој знак сакаат да пијат квалитетно вино. И на мажите не им пречи да пијат вино, вклучувајќи ги и поблагите сорти, но исто така се наклонети и кон бренди.

Близнаци
Луѓе со лесен темперамент, па затоа и нивните пијалоци се вообичано разнобојни и весели. Тие сакаат разновидност и често сакаат да пробаат нови видови на вино. Но, со оглед на нивната двојна природа, понекогаш ќе посегнат по шот текила или пак виски за убаво да се „опуштат”.

  
 

Рак
Тие преферираат скромни пијалоци. Често пијат мали кригли пиво или некој безалкохолен пијалок. Лицата од овој знак сакаат шлаг, па затоа и претпочитаат такви коктели. Ирското кафе е нивни омилен пијалок. Сакаат и чоколадно млеко.

Лав
Сакаат скапи пива, особено оние со лав на етикетата, пожелно со златно кафена боја (омилената боја на овој знак). Тие исто така особено претпочитаат пијалоци и коктели на база на јужно овошје. Лицата од овој знак го почитуваат и вискито.

Девица
Овој знак може да се подели во две групи: првата се состои од познавачи на добри вина и луксузни пива, а втората од обожаватели на суви пијалоци. За првата група е важно од што и како е направен пијалокот. Втората група е помалку пребирлива, но тие не сакаат благи пијалоци. Тие сакаат мартини, но се многу пребриливи за тоа кој и како ги прави.

Вага
Лицата родени во овој знак вообичаено пијат малку, затоа што тие поседуваат внатрешно чувство за одмереност. Тие сакаат лесни по вкус, но доста благи пијалоци. Преферираат лесни пива како и мешавини од рум и овошни џусеви. Исто така вагите не можат да останат индиферентни на шампањското.

Скорпија
На скорпијата и се важни три фактори: нивниот пијалок мора да биде темен, силен и да има жесток вкус. Значи тие претпочитаат врвни темни пива. Многумина од скорпиите пијат водка, но тие всушност преферираат коњак, особено оние брендови на коњак кои имаат потемна боја. Жените од овој знак сакаат аперитиви и коктели.

Стрелец
По природа патници, лицата од овој знак сакаат нови и егзотични пијалоци, како на пример корејска водка со змија внатре во шишето. Стрелците имаат слабост кон егзотични етикети и обожаваат да пијат од долги шишиња со светла налепница.

Јарец
Имаат тенденција да пијат многу течности. А кога се работи за нивните склоности за вкусови, тие сакаат врвни брендови, како и суви пијалоци на пример виски или џин и тоник. Водката за нив е премногу проста освен ако не се работи за некој елитен бренд.

Водолија
Овие лица преферираат полесни пива. Пожелно е пивото да е ладно (но не мраз). Водолиите астролошки сакаат пијалоци кои можат да ги пијат полека додека разговараат. Тие исто така сакаат шампањско и секое друго пенливо вино.

Риби
Лицата родени во овој знак не наоѓаат мани при изборот на пијалоци. Тие сакаат водка или послаби пијалоци како што е пивото. Идеален, за овие луѓе е пијалокот кој порано бил многу популарен „Pernod”.

(131)

loading...

Вашиот коментар