Кои се ефектите на маслиновото масло врз нашето здравје?

Само една лажичка маслиново масло дневно може да ви помогне да живеете подолго, тврдат експертите.

Маслиновото масло, кое е клучна компонента на медитеранската исхрана, позната е како една од најздравите намирници.

 
 

Сега, докторката Сара Бревер и експертот за диети Џулиет Келов, во својата најнова книга „Eat better live longer“, тврдат дека маслото може да ви го продолжи животот.

Тие тврдат дека маслиновото масло содржи антиоксиданси кои можат да помогнат во превенција или во забавување на растот на ракот, како и тоа дека можат да го намалат ризикот од срцев и мозочен удар – две состојби кои се одговорни за најмногу смртни случаи во светот.

  
 

И додека го намалува ризикот од зголемен холестерол, крвен притисок и болести поврзани со годините, маслиновото масло ги подобрува и когнитивните функции.

Една лажичка маслиново масло содржи околу 100 калории, според Бревер и Келов, така што треба да се консумира во умерени количини.

Според нив, најдобро е една лажичка дневно.

Исто така, маслиновото масло содржи голем процент на мононезаситени масти (мононезаситени киселини), кои помагаат во намалувањето на холестеролот и го елиминираат ризикот за мозочен и срцев удар.

Маслиновото масло изобилува и со витамин Е, кој е одговорен за убава кожа, како и за зајакнување на имунолошкиот систем.

(137)

loading...

Вашиот коментар