Кои се трите најнеобични последици од сексот?

Таканаречените „обични“ последици од сексот се оргазмот, пријатниот замор потоа, блискоста со партнерот, задоволството, здравата насмевка на вашето лице…

Но постојат и три прилично необични последици од ваквиот чин, кои сигурно сте ги почувствувале најмалку еднаш.

 
 

Прочитајте и зошто се случуваат тие:

Изострено чувство за мирис
За време на сексот и веднаш потоа, хормонот пролактин се лачи интензивно во вашето тело. Токму овој хормон е одговорен за чувствителноста на вашето сетило за мирис.

  
 

По сексот или по мастурбирањето, нивото на пролактинот може да биде неколкупати зголемено како последица на самиот чин, па затоа и сте почувствителни на различни мириси.

Оваа последица се нормализира веднаш штом ќе се стабилизираат и хормоните.

Меланхолија
Ова е многу чудна последица, со оглед на тоа што во најголем дел од случаите се чувствуваме релаксирано, среќно, задоволно, еуфорично, смирено, а потоа и поспано.

Но, интересен е податокот дека барем 46% од сексуално активните жени најмалку еднаш се почувствувале нервозно, агресивно, па дури и меланхолично по сексуалниот чин.

Некои од нив дури имале и продолжена тага, а тоа може да е последица на измешаните емоции и хормони, но и на одредени стресни ситуации од секојдневнието.

За среќа, ова се случува ретко и мали се шансите да го наруши односот меѓу партнерите.

Привремена амнезија
При самиот оргазам, краткотрајно запира снабдувањето на мозокот со кислород. Оваа појава е ретка, им се случува на 3 до 5 од вкупно 100.000 луѓе годишно.

Најчувствителни на ова се жените помеѓу 40 и 50 години, но им се случува и на помладите. И во овој случај, за среќа, ефектот е краткотраен и мозочната блокада исчезнува за неколку часа или откако добро ќе се наспиете.

(135)

loading...

Вашиот коментар