Кој орган во нашето тело е најдолговечен, а кој најрано старее?

Човечкото тело е феномен од многу аспекти, почнувајќи од самата физиологија, па се до фактот дека не сите органи подеднакво стареат.

Биолошкото стареење е препознатливо најпрво по кожата, што е всушност и физички видливо. Но, внатрешните органи може да почнат да стареат долго пред да се појават првите брчки на челото и белите влакна во косата.

 
 

На пример, белите дробови стареат по навршувањето на 20-тата година, но тоа се случува доста бавно, па проблемите со губење здив и отежнато дишење не ги забележуваме сè до 40-тата.

Мозокот почнува да старее во исто време како и белите дробови. Со самото излегување од адолесценцијата, па се до 40-тата година, губиме во просек по 10.000 нервни клетки дневно. Токму поради тоа возрасните и старите имаат послаба координација и лоша меморија.

  
 

koj-organ-vo-nasheto-telo-e-najdolgovechen-a-koj-najrano-staree-02.jpg

Кожата почнува да губи од еластичноста после 25-тата година, додека мускулите заслабнуваат по 30-тата.

Кај жените, градите започнуваат да стареат по 35-тата година, кога губат од волуменот, а ареолите околу брадавиците се шират.

Коските губат од цврстината по 35-тата година, кога е потребно да почнете со земање суплементи со калциум, но забите почнуваат да „стареат“ по 40-тата година од животот.

koj-organ-vo-nasheto-telo-e-najdolgovechen-a-koj-najrano-staree-03.jpg

Очите и срцето стареат по 40-тата година, додека пак бубрезите по 50-тата година. Слухот заслабнува околу 55-тата година, но и цревата и целиот дигестивен систем.

Дури по 60-тата година се нарушува сетилото за мирис. Околу 65-годишна возраст се менува гласот поради промените во гласните жици. Во истиот период заслабнуваат и сфинктерите на мочниот меур, што особено е изразено кај жените во менопауза, кои потешко издржуваат со полн мочен меур.

Најдолговечниот орган во нашето тело е црниот дроб, кој во просек почнува да старее во 70-тата година од животот или пак, кај многумина функционира правилно доживотно.

(174)

loading...

Вашиот коментар