Лицата родени во 6 часот се шармантни, тие во 21 неверни: Каков карактер сте според часот на раѓање?

Проверете во колку часот сте родени и откријте нешто повеќе за себе.

00 – 01 ЧАСОТ
Овие личности ги карактеризира агресивност, здружена со издржливост. Околината ги смета за тврдоглави, недипломатични и претерано горделиви. Во поволни околности, ваквите карактеристики може да ве доведат до неверојатни успеси.

 
 

01 – 02 ЧАСОТ
Моќ, углед и статус е она за што живеете. Заради тоа може да ве истрпат само најблиските. Успешни сте во животот, благодарение на вишокот енергија на која постојано се потпирате. За својот успех треба да им се заблагодарите на влијателните и повозрасни личности кои ви помогнале.

02 – 03 ЧАСОТ
Сакате кога истовремено сте посветени на повеќе обврски. Динамични сте и способни да давате максимум, но исто така брзо знаете да го загубите вниманието и интересирањето за веќе започнатите работи. Понекогаш сте нетолерантни, па малку повеќе трпеливост не би ви пречела.

  
 

03 – 04 ЧАСОТ
Чувствителни сте и тивки, па затоа е многу лесно некој да ве повреди. Посветени сте кон семејството и домот, а ја сакате и финансиската сигурност. Токму поради тоа, добро знаете да раководите со парите.

04 – 05 ЧАСОТ
Вашите размислувања се секогаш насочени кон една конкретна цел. Полни сте со концентрација, сила и волја. Затоа, во секоја работа важите за авторитет. Но, кога малку поголемо внимание ќе им дадете на социјалните односи, знаете да западнете во депресија.

05 – 06 ЧАСОТ
Најдобро се чувствувате кога во постоечкиот хаос воведувате ред. Вашата љубов се концентрира врз деталите, при што е многу тешко да го разграничите важното од неважното. Така, постојано ризикувате да ги трошите парите на непотребни работи. Во работата сте внимателни и одлично си ги извршувате должностите.

06 – 07 ЧАСОТ
Шармантни сте и секогаш добро облечени. Вашиот стан е уреден со вкус и тоа е местото каде обожавате да ги соберете најблиските пријатели. Љубезни сте, но најголемата опасност лежи во тоа што вашата емоционална сигурност зависи од другите, а не од вас.

07 – 08 ЧАСОТ
Работите ги кажувате онакви какви што се и немате влакна на јазикот. Успешни сте на работното место благодарение на богатата фантазија. Интригите и недовербата знаат да ве извадат од такт во само една секунда.

08 – 09 ЧАСОТ
Играта, спортот и свежиот воздух се најважни во вашиот живот. Постојано се обидувате да ги преминете границите, без оглед на тоа дали се работи за социјални, духовни или работни. Ве привлекуваат нови луѓе. Родени сте под среќна ѕвезда, како слободен авантурист.

09 – 10 ЧАСОТ
Постојано ви се потребни предизвици за да останете активни. Благодарение на добрата организација и дисциплината, секогаш ги остварувате целите. Добро се чувствувате кога им помагате на другите.

10 – 11 ЧАСОТ
За вас, сите луѓе се исти. За вас не постојат класни разлики. Полни сте со разбирање и секогаш отворени за нови идеи. Затоа што претерано многу ги сакате луѓето, најчесто сте опкружени со вистински, искрени пријатели.

11 – 12 ЧАСОТ
Посебно сте успешни кога работите ги вршите далеку од туѓите очи. Се додека успевате да си обезбедите доволно мир и да ги наполните батериите, остварувате извонредни услови. Препреките на секое поле ги решавате постепено, без брзање и голем напор.

12 – 13 ЧАСОТ
Секоја работа ја завршувате до крај. Разумот ви помага да не трошите многу време на неважните работи. Материјалната сигурност ви обезбедува душевен мир. Многу ретко сте самоиницијативни и не сте љубители на воспоставување нови контакти. Разговарате само кога луѓето ќе ви се обратат.

13 – 14 ЧАСОТ
Мислењата на другите често ги земате при срце. Заради тоа, понекогаш што и да слушнете мислите дека е наменето за вас. Сепак, и комплиментите си ги препишувате на ваша сметка, па токму таа особина ве доведува до неверојатни успеси на работното место.

14 – 15 ЧАСОТ
На својот животен партнер му останувате верни со крајот на животот. Но, ако почувствувате дека неговиот свет не се врти околу вас, тогаш барате нов партнер. Уметноста и глумата се наоѓаат на највисоко ниво во вашиот живот, исто како и жртвата за сопствените деца.

15 – 16 ЧАСОТ
Светот ве доживува како пријатна личност која зрачи самодоверба. Но, знаете да бидете раздразливи ако бидете отфрлени или исмеани. Научете да простите и да ја пуштите лутината. Така ќе ја избегнете агресивноста, тешките зборови и навреди.

16 – 17 ЧАСОТ
Парите ја имаат клучната улога во вашиот живот. Заради тоа мислите дека половина од животот треба да го поминете штедејќи. Сепак, знаете како да се издигнете над секојдневните проблеми и ситните препреки, па затоа се концентрирате на позитивните нешта во иднина.

17 – 18 ЧАСОТ
Се додека сте зависни од перфекционизмот, ќе ве ценат луѓето и приватно и деловно. Вие сте практична личност која успева да се справи со луѓето кои им се спротивставуваат на вашите планови. При тоа, вниманието кое им го посветувате на деталите ве води до крајната цел.

18 – 19 ЧАСОТ
Само преку поврзаноста со другите луѓе знаете како да ги остварите животните цели. Во пријателството потребно ви е големо внимание и трпеливост. Најголемата опасност лежи во тоа што партнерот кој ќе го одберете може да ви постави превисоки барања, кои нема да може да ги исполните.

19 – 20 ЧАСОТ
Вашата склоност кон ризици ви овозможува голем успех. Заради своите пренагласени сексуални барања, голема е опасноста да влезете во тајна врска, а за сметка на тоа да ја запоставите верноста. Не заборавајте да си поставите граници во животот.

20 – 21 ЧАСОТ
Возбудени сте од самата помисла на нешто ново и непознато. Патувањата и егзотичните земји се ваш природен еликсир на младоста. Сепак, верноста не се вбројува во вашите лични карактеристики. Благодарение на вашиот оптимизам, по секој пад знаете да застанете на нозе.

21 – 22 ЧАСОТ
Од страв да не ве повредат, другите луѓе често пати ве гледаат како да сте бавни и мрзеливи. Но, кога еднаш ќе ве запознаат, гледаат дека под оклопот се крие топлина и сочувство. Големо внимание им посветувате на видливите докази на љубовта. Знаете да се изненадите ако работите излезат како што не сте замислувале.

22 – 23 ЧАСОТ
Неверојатно сте интелигентни и постојано размислувате поинаку од другите. Заради тоа можете да излезете на крај и со најтешките проблеми. Секогаш сте чекор понапред од другите. Сепак, не би требало да бидете арогантни. Скромноста е предност!

23 – 24 ЧАСОТ
Со вас владее таканареченото ноќно сонце, кое ја симболизира внатрешната светлост. Во секојдневниот живот не сакате компромиси, па живеете според мотото се или ништо. Во љубовта сте склони кон посесивност и љубомора

(106)

loading...

Вашиот коментар