Миризбата на кафето поттикнува подобра работа на мозокот

Ново истражување, открива дека самата миризба на кафето е доволна за мозокот подобро да функционира.

Во тестови, кои ги спроведоа научници од Технолошкиот институт Стивенс од Њу Џерси, луѓето кои само ја почувствуваа миризбата на своето кафе, подобро ги решаваа тестовите, бидејќи нивниот мозок на тој начин реагира, исто како веќе да консумирале кофеин.

 
 

За кафето веќе се смета дека го намалува ризикот од срцеви заболувања, го поттикнува метаболизмот и ја намалува веројатноста за прерана смрт.

Научниците велат дека тоа сознание би можело да им помогне на работодавците и архитектите, со цел да го променат начинот на кој луѓето се однесуваат во зграда.

  
 

Теоријата ја тестираа на студенти, кои имаа писмен тест по алгебра. Групата на студенти која ги решаваше тестовите во соба со миризба на кафе, забележа подобри резултати од другата група, која беше сместена во соба без стимулативниот мирис.

Истражувањето сугерира дека овде станува збор за плацебо ефект. Имено, мозокот на луѓето, препознавајќи ја миризбата на кафето, реагира на сличен начин, како кафето веќе да е испиено.

Кофеинот е стимуланс, што значи дека го активира мозокот и централниот нервен систем, го намалува заморот и ги прави луѓето будни и повеќе фокусирани.

Неодамнешни истражувања покажаа дека кафето го намалува и ризикот од депресија, поттикнува долготрајно паметење, односно штити од Алцхајмерова болест и деменција.

(15)

loading...

Вашиот коментар