Нането како морфиум против силни болки

Науката ги  потврди лековитите својства на ментолот (нането), од кој уште “старите” Грци и Кинези правеле освежувачки облоги и ги употребувале за да ја ублажат болката.

Научниците имаат произведено синтетички производ со истиот хемиски состав како и етерично масло од ментол (нане). Средството се покажа како многу добар лек против болка кога се применува директно на кожата. Тоа може да биде особено корисно за оние кои страдаат од хронична болка поради артритис и болести кои штетно влијаат на нервните завршетоци.

 
 

Неговиот ефект на ладење одлично делува дури и кај долготрајните болни состојби, кога нервниот систем е многу чувствителен што и најмал допир претставува извор на болка.

Древните исцелители во стара Кина раните ги лечеле со масло од ментол кое што содржи состојки кои делуваат антивоспалително и разладуваат, а со тоа се намалува болката кога се става на кожата. Ливчињата од нане имаат силен карактеристичен мирис, нешто како мелем. Неговиот вкус е пријатен, остро-ароматичен, прво загрева, а потоа лади. Чешлестото нане има многу ароматичен мирис има вкус на ким, малку лут, а понекогаш и како трева, нималку освежувачки. Есенцијално масло содржат и двата вида : ментол и ментон. Листовите содржат танин. Содржината на етеричното масло изнесува околу 2,5 проценти.

  
 

Во Централноевропската кујна нането не игра голема улога. Во Англија и САД со него се зачинуваат овошните коктели и сокови, овошната салата, грашокот и морковите, чајот и какаото. Најпознатата употреба е за познатиот англо-саксонски нане-сос што се служи со овчо месо и телешко месо, заедно со колачи, желеа и јадења од риба. Кај нас се употребува за зачинување на грав.

Пеперминт масло се користи за ароматичните ликери, бонбони, паста за заби и лекови. За слична цел се употребува и есенцијата на нане (масло во алкохолен раствор).

Поради пријатниот и освежувачки вкус, нането се употребува за чај, во чајни мешавини или поединечно.

(49)

loading...

Вашиот коментар