Научниците тврдат дека бебето најмногу зборови учи од својот татко

Резултатите од новото истражување, кое е спроведено во Лабораторија со современа антропологија на Универзитетот во Фудан, Кина, покажало дека бебињата најмногу зборови учат од нивните татковци.

Студијата ја водела Менган Жанг, која го истражувала учењето на вокабуларот на поинаков начин. Според резултатите, двајцата родители имаат значајно влијание на развојот на говорот кај децата, но на различни подрачја.

 
 

Научниците ја истражувале поврзаноста помеѓу разликата во говорот и генетските црти на таткото и мајката. Констатирале дека постои силна врска помеѓу гените на таткото и лексичките карактеристики, и помеѓу мајчинските гени и фонемските карактеристики.

Со оглед на тоа дека постои директна врска помеѓу „Y“ хромозомот, кој го пренесува само таткото, и лингвистичките варијации – заклучиле дека бебето најмногу зборови може да научи од таткото. Сепак, со оглед на тоа дека мајката поминува најголем дел од времето со бебето, детето од неа го наследува изговорот и звукот.

  
 

(11)

loading...

Вашиот коментар