Најдобра боја на ѕидови за секоја просторија: Психолог открива како да ја изберете вистинската нијанса

Да ја изберете идеалната боја на ѕидови бара многу труд и посветеност. Кај уредувањето на ентериерот, а особено при изборот на бои за ѕидовите не ја разгледуваме секоја просторија посебно, а токму тоа и треба да го правиме, вели психологот Сели Аугустин.

Спалната соба ја “обожува” сината боја
Сината боја асоцира на мир и одмор, веројатно од еволуциските асоцијации на бојата на небото и морето. Студиите докажуваат дека луѓето најбрзо се релаксираат во сини соби, но одбегнувајте ги впечатливите и темните нијанси.

 
 

  
 

За работната соба испробајте ја зелената нијанса
Зелената боја го поттикнува размислувањето, а мозокот најдобро работи кога е опкружен со зелени тонови. Причината за тоа е што зелената боја потсетува на природа во која е најлесно да ги разбистрите вашите мисли и да ја вратите концентрацијата.

A post shared by Decorair (@decorair) on

Црвена или кобалт сина за кујната
Боењето на ѕидовите во кујната е малку посложено – поголемиот дел од дизајнерите нудат црвени и портокалови решенија и тоа е во ред доколку сакате да го поттикнете апетитот. За спротивен ефект изберете кобалт сина боја.

A post shared by HelloDecoParis (@hellodecoparis) on

Бањата ќе биде поубава со нежно розовата боја
Белата боја во бањата може да делува премногу строго, па затоа одлучете се за нежно розовата нијанса. Но, заборавете на розовиот Барби свет – најлесно ќе ги искомбинирате пастелните розови тонови.

A post shared by Lonny Magazine (@lonnymag) on

Топли песочни нијанси за дневната соба
Дневната соба е најактивната просторија во домот, па затоа е пожелно да ги избегнувате темните и интензивни нијанси. Тешките ѕидови можат да ја “убијат” атмосферата, вели Аугустин. Затоа одберете некоја топла и неутрална нијанса како беж бојата.

A post shared by Design by Lorna (@lorna_leigh) on

(30)

loading...

Вашиот коментар