Најдобриот комплимент кој може да му го дадете на секој хороскопски знак

Нормално, најлесно е да му кажете на некој дека е убав/а, но најголемиот дел од знаците на Зодијакот им се радуваат на поинаков тип на комплименти.

Дознајте кој е најдобриот комплимент кој може да му го дадете на секој од знаците:

 
 

ОВЕН – „Ти си најсилната личност која ја познавам“.
Можеби од страна изгледа дека Овните се создадени од оган и решителност, но вистината е дека многу често се самоиспитуваат. Кога ќе им доделите вакво признание вие ги потсетувате на силата која ја имаат во себе и им ја давате потребната доза самодоверба да продолжат да се борат понатаму и да доминираат.

БИК – „Многу си смешен/смешна!“
Не постои знак во Зодијакот кој сака да ве насмее повеќе од Бикот. Познати по тоа што се претрупуваат емоционално себеси, Биковите го користат хуморот како оружје во борбата против нервозата и фрустрираноста. Кога се смеете на нивните шеги, тоа е исто како да им препишувате апче против стрес.

  
 

БЛИЗНАЦИ – „Не сум запознал никој/а со ум како твојот“.
Близнаците се практично суперкомпјутери кои носат чевли. Имаат неврони кои работат побрзо отколку на кој било друг знак во Зодијакот. Да се има мозок кој работи брзо значи дека Биковите ги спојуваат работите многу побрзо од нас останатите, а кога ги потсетувате на нивната ментална способност, тоа особено им ласка и го ценат.

РАК – „Внесуваш светлина во мојот живот“.
Можеби звучи како некое клише од филм или новела, но Раковите постојано се трудат да им бидат од помош на другите, да им дадат мудар совет, утеха или мало парче среќа.

Ништо не ги радува толку многу како фактот кога некој ќе им признае дека нивната помош е ценета и добредојдена. Кога некој го признава неговиот емоционален труд, нивните очи светат од задоволство.

ЛАВ – „Многу ми се допаѓа твојот стил на облекување“
Бестрашните Лавови неретко сакаат да ги диктираат модните трендови или а бидат првите кои ќе ја промовираат новата мода. Тие трошат многу време, енергија и пари на својот изглед.

Кога ќе им упатите комплимент поврзан со надворешниот изглед и стилот, културно ќе се заблагодарат, но нивното срце чука 150 на час од среќа.

ДЕВИЦА – „Твојот совет навистина ми помогна“
Прагматичните и практични Девици се издвојуваат како природно грижливи луѓе. Тие не сакаат ништо повеќе отколку да даваат помош и да делат совети некому. Кога ќе им дадете до знаење дека нивниот совет направил огромна разлика и ви помогнал, тоа е исто како да сте им ја дале смислата на животот. Тогаш пловат на мирно облаче и посакуваат да се почестат.

ВАГА – „Навистина многу те бидува за…“
Клучот за давање комплименти на Вагите е да прецизирате во што точно мислите дека се добри (или најдобри). Доколку свират некоја песна на гитара, дадете им комплимент на нивната техника или изведбата. Доколку готват, задолжително пофалете го изборот на нивните зачини.
Вагите сакаат искрени, точни и прецизни комплименти, со аргументи. Тие може да ги намирисаат неискрените, лицемерни пофалби.

СКОРПИЈА – „Многу си креативен/креативна“.
Навистина многу малку состојки им се потребно на Скорпиите да направат нешто прекрасно и интересно. Од обична хартија ќе ви направат оригами, од неколку едноставни состојки ќе вкусите одличен оброк.

Кога ќе ја пофалите нивната брзина, уникатност и креативност, тие цветаат.

СТРЕЛЕЦ – „Знам дека можам да сметам на тебе“
Стрелците се можеби најметодичните знаци во Зодијакот и ретко прават компромиси. Но кога ќе дадат некому ветување истовремено ќе пружат и сè од себе да го исполнат.

Кога ќе им кажете дека не се сомневате во нив и дека секогаш може да сметате на нивната помош, тие ќе ви возвратат дупло на убавите зборови.

ЈАРЕЦ – „Умееш да се потпреш на себе“
Јарците одамна ја имаат научено најтешката лекција во животот – личноста на која можеш најмногу си токму ти.

Доколку сакаат да завршат некоја работа како што треба тие ја завршуваат исклучиво сами. Кога некој ќе ја забележи нивната независност и им аплаудираат, Јарците знаат дека пронашле вистински пријател кој ја цени нивната самостојност.

ВОДОЛИЈА – „Ништо не е исто без тебе“
Водолијата е знак кој не е ниту приближно ист на никој друг во Зодијакот. Во нив ја препознаваме ненаметливата сила која може да разурне карпа и да го управува светот.

Тие се паметни, а истовремено флексибилни. Имаат огромна жед за знаење, неверојатни водачи и иноватори. Кога ќе им кажете дека ништо не функционира онака како што треба без нив, им измамувате насмевка на лицето.

РИБИ – „Носиш среќа во овој свет“
Рибите се грижливи. И тоа не просечно грижливи, туку искрено, длабоко посветени и грижливи добри луѓе кои сакаат да помогнат со своите акции и да го направат светот едно поубаво место за живот.

Тие се како виножита на две нозе, го осветлуваат светот секаде каде што стапнуваат. Кога ќе им кажете дека со себе носат добрина, радост и среќа, тие блескаат“.

(113)

loading...

Вашиот коментар