Не можете да си го замислите денот без леб? Еве што ќе се случи ако се откажете од овој производ

Сигурно знаете дека лебот не е најдобриот избор ако сакате да ослабите. Ако целосно го исфрлите белиот леб од исхраната, ќе забележите одлични резултати кога е вашата тежина во прашање, но и други здравствени придобивки.

Ќе ги изгубите килограмите предизвикани од страна на водата
Лебот е преполн со јаглехидрати, а неговото нагло исфрлање од исхраната веднаш почнува да се забележува на телото и тоа во форма на губење килограми. Но не станува збор за брзо слабеење, туку за губење на водата што се насобира во телото. Телото ги складира јаглехидратите во форма на гликоген, млечна киселина што собира вода. Секој грам јаглехидрат задржан во телото, задржува и до три-четири пати повеќе вода од својата тежина.

 
 

Нема постојано да бидете гладни
Преработените јаглехидрати, со кои е преполн белиот леб, предизвикуваат пораст на шеќерот во крвта, чие ниво подоцна многу брзо паѓа. Овие луди промени му праќаат нејасни сигнали на мозокот кој го зголемува чувството на глад и желбата за храна, поради што се дебелеете.

Но тоа не значи дека треба целосно да го исфрлите лебот од вашата исхрана, туку да ги замените празните калории и белиот леб со оној направен од цели зрна кои го регулираат и балансираат шеќерот во крвта.

  
 

Енергијата ќе ви се зголеми, а работата на дигестивниот систем ќе се подобри
За разлика од интегралниот или црниот леб, белиот леб не содржи влакна кои се потребни за нормална работа на цревата и варењето. Ваквата храна предизвикува запек и проблеми со дигестијата.

Откако ќе го исфрлите белиот леб од менито и ќе ги вклучите целите зрна, дигестивниот систем ќе започне со нормална и олеснета работа.

Исто така, јаглехидратите се храна и гориво за мозокот. Ако тоа е квалитетно, мозокот работи нормално, без попречувања, но ако храната за мозокот не е здрава, телото реагира негативно и се јавува чувство на малаксаност и умор.

(238)

loading...

Вашиот коментар