Ова се сексуалните фантазии на жените кои ги премолчуваат

Не е тајна дека жените најчесто не сакаат да зборуваат за своите сексуални фантазии, како и дека честопати не ги споделуваат со партнерот. Тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените ги откриле своите омилени фантазии, односно она што сакаат да го прават, но се срамат да признаат.

Секс пред одгледало
Нема личност која барем еднаш во животот не се запрашала како изгледа додека води љубов. Затоа и идејата за водење љубов пред огледало е многу привлечна. Погледот на партнерот е возбудлив, но уште повозбудлив може да биде погледот на страственото заедништво. Затоа не се ограничувајте и исполнете си ја оваа фантазија.

 
 

Улога на домино дама
Митот дека жените преферираат пасивност во интимните моменти треба да биде заборавен. Припадничките на поубавиот пол сакаат да доминираат во креветот, да преземаат иницијатива и да го контролираат својот партнер. Во таа фантазија се подразбира исполнување на сите желби кои дамата ги има во тој момент.

Секс со повез преку очите
Повезот на очите ја спречува предвидливоста во интимните моменти. Кога не гледате и не знаете на кој дел од телото ќе почувствувате бакнеж или допир од партнерот, нагласено е чувството на исчекување, а големото задоволство е загарантирано.

  
 

(419)

loading...

Вашиот коментар