Овие 8 прашања задолжително да ги поставите на крајот од интервјуто за работа

Разговорот за работа не е важен само за работодавачот да може подобро да го запознае потенцијалниот кандидат, туку и за кандидатот – да може да добие што е можно подобар впечаток за самата позиција, работното место и компанијата која би можела да го вработи.

За таа цел, „Бизнис Инсајдер“ ви нуди неколку конкретни прашања, што кандидатот на крајот од интервјуто задолжително мора да му ги постави на работодавачот, со што би го искажал својот интерес, во смисла на адаптација на новата работа и целиот тој процес.

 
 

Тоа што би било добро кандидатот да праша, а што би му било од корист е:

– Дали ви одговорив на сите ваши прашања?

  
 

– Кој би бил идеален кандидат за ова работно место, според вашето мислење и критериум, и дали сум јас тој кандидат?

– Кој ви е главна конкуренција и кои се вашите предности во тој поглед?

– Кои се слабостите на оваа работна позиција?

– Како изгледа еден обичен работен ден?

– Можам ли да направам уште нешто со што би ви помогнал за да ме одберете мене како идеален кандидат?

– Дали знаете зошто вашите вработени сакаат да работат во вашата компанија?

– Дали ова е некоја нова работна позиција и ако не е, зошто претходникот ја напуштил работата?

(83)

loading...

Вашиот коментар