Одмор од соништата: Биковите сакаат луксуз, Раковите бегаат од цивилизација…

Биковите сакаат луксузен одмор, додека раковите сакаат да бидат далеку од цивилизацијата. Близнаците од обичен излет ќе направат авантура, а шкорпиите својот одмор го минуваат дома.

Омилена дестинација на Овенот е Париз
Совршен одмор за Овенот изгледа како бегство од реалноста. Овој огнен знак својот идеален одмор го замислува на плажа или на базен со добра книга, но авантуристичкиот дух не му дава мир. Ужива во џет-скијањето, падробранските или банџи скоковите понекогаш дури и повеќе од читањето книги. Омилена дестинација му е Париз, без разлика колку го сака морето.

 
 

Биковите не можат да одолеат на луксуз
Биковите обожаат луксузни одмори, а најмногу сакаат да уживаат во сите сетила. Сакаат крстарење или хотели со пет ѕвезди, каде можат да уживаат во различни спа третмани. На патувањата најмногу ги интересира културата на домашното население, музиката и филмот. Идеален одмор за нив би бил посета на лозјата во Калифорнија или Италија.

  
 

Спонтаните Близнаци во се гледаат авантура
Близнаците сакаат да патуваат и најобичното патување ќе го претворат во вистинска авантура. Постојано се во движење, па често можете да ги пронајдете на некој излет или дружење. Сакаат спонтани патувања, кои не се планираат со месеци однапред. Уживаат во истражување на секое ќоше на својата татковина, а нивното мото е дека секој ден е одмор и оти треба да се искористи.

Раковите бегаат од цивилизацијата
Ракот како воден знак го обожава морето. Идеален одмор за него е мала колиба на океанот, далеку од цивилизацијата. Водата го смирува и му ја лекува душата. Не сака групни патувања полни со странци, туку посакува авантура со неколку блиски пријатели. Заминувањето во Сенегал или други земји од третиот свет за него се сон.

Лавот обожава егзотични дестинации
Лавовите обожаваат да лутаат по светот, а патувањата ги држат во живот. Ги привлекуваат патувања во џунгли, прашуми или заминување на сафари. Тие сакаат групни активности, каде патуваат со потполни странци и уживаат во нови авантури. Патување во егзотичниот Тајланд или Бали сигурно ќе ги воодушеви, како и брачно патување во Лас Вегас.

Девиците на патувањата бараат мир и тишина
Девиците прво на одмор сакаат мир и тишина за да можат да се опуштат. Сакаат отворени простори, како и животни, така што нивни идеален одмор е идиличен селски туризам. Пребирливите девици би требале два пати да размислат пред да го организираат патувањето со пријателите, бидејќи може да се случи на одморот воопшто да не се опуштат, туку само да се нервираат и да го прекинат пријателството.

Скокање со падобран е идеален одмор за Вагите
Вагата е голем авантуристички патник, кој обожава да истражува. Идеалните патувања за неа се Боливија или Кенија. Најмногу од се ја интересира локалното население и нивната култура. Вагата е воздушен знак кого го привлекуваат височините, а најмногу посакува скок со падобран. Не им се страни ниту патувањата во хуманитарни цели.

Шкорпиите патуваат со ранец по Европа и Азија
Шкорпиите не се љубители на патувањата, но кога тргнуваат сакаат да истражуваат. Најмногу патуваат сами, со семејството или со тесен круг на пријатели. Ги привлекуваат патувања со ранец на грбот по Европа и Азија. Местата кои ќе им овозможат да се загубат во метежот на луѓе за да го проучат локалниот јазик и обичаи се идеални се Шкорпиите.

Стрелецот е роден за живот на пат
Стрелецот е вистински авантурист. Тој целиот живот би го поминал патувајќи. Егзотични локации како Бали, Азија или Источна Европа се вистинските места, на кои Стрелецот би сакал да го мине животот. Неговата омилена професија е туристички водич, бидејќи единствено на тој начин може да ја задоволи својата потреба постојано да биде во движење. „Копањето“ по другите култури и обичаи се идеални за неговата љубопитност.

Јарецот работата ја носи и на одмор
Јарецот е земјен знак, кој сака отворен простор. Амбициозни, какви што се сакаат да ја носат својата работа и на одмор. Обидете се тоа да не го правите, бидејќи и самите знаете дека така никогаш нема да се одморите. Активен одмор како рафтинг или бициклизам е идеален за Јарецот, кој сака постојано да биде во движење. За останатите, кои повеќе ги сакаат фреквентните градови, идеален би бил Њујорк.

Водолијата не сака групни патувања
Водолијата е познат номад, кој постојано сака да биде во движење. Не може долго да издржи на едно место. Групните патувања не се за нив. Најмногу сака да патува во далечни земји како Индија, Тајван, Кенија…

Рибите не можат без одмор на море
Рибите сакаат необични патувања, на кои пред се бараат забава. Егозтичните дестинации се нивниот прв избор, а одморот во Мароко или на глечерите на Аљаска се вистински погодок за нив. Тие се воден знак и не можат одморот да си го замислат без море.

(124)

loading...

Вашиот коментар