„Онлајн бонтон“: 5 работи за кои не треба да се жалите на социјалните мрежи

Културното однесување е задолжително ако сакате да оставите добар впечаток секаде, а бонтон правилата се од голема корист.

Независно дали сте во ресторан, на гости или дома, постојат правила за добро однесување кои треба да се почитуваат.

 
 

Па така, иако можеби звучи чудно, постојат и онлајн правила, односно како треба да се однесувате на социјалните мрежи.

Колку пати сте виделе статуси каде некој псуе и вреѓа, го истура целиот револт на Фејсбук и ги вознемирува и им досадува на пријателите и познаниците.

  
 

Кога станува збор за жалење на социјалните мрежи, погледнете како треба да се однесувате:

1. Ако имате жалба кон некоја компанија, идеално е да упатите критика на социјалните мрежи. Но, важно е прво да проверите на која мрежа се најактивни за да добиете брз и добар одговор, како и резултати.

onlajn-bonton-5-raboti-za-koi-ne-treba-da-se-zhalite-na-socijalnite-mrezhi-02.jpg

2. Никогаш не се жалете на социјалните медиуми за проблемите на работа, бидејќи така може да си создадете уште поголем проблем во односите со колегите или надредените.

onlajn-bonton-5-raboti-za-koi-ne-treba-da-se-zhalite-na-socijalnite-mrezhi-03.jpg

3. Не се жалете јавно ниту за семејството и пријателите. Независно дали именувате или не, тоа важи за лош и неубав манир со што ќе оставите лош впечаток, а и може повторно да си направите проблем.

4. Никогаш не објавувајте ништо на социјалните медиуми додека сте лути и нервозни. Почекајте да поминат неколку часа, ако нервозата поминала, значи нема потреба да се бламирате пред сите јавно со одредени мислења и ставови.

5. Не се плашете да престанете да следите некој или да избришете пријател кој постојано се жали за проблеми кои не ве засегаат и само дополнително ве вознемирува во вашето слободно време.

Социјалните медиуми не се место за жалби и поплаки, тоа важи и за вас и за сите кои вие ги следите.

onlajn-bonton-5-raboti-za-koi-ne-treba-da-se-zhalite-na-socijalnite-mrezhi-04.jpg

(53)

loading...

Вашиот коментар