Пријателство со привилегии: Дали тоа е во ред или сè уште е табу тема?

Се вели дека Грманците се сосема отворени во однос на сексуалните односи, а по се изгледа дека така гледаат и на пријателствата со привилегии.

Истражувањето што го спровел „Институтот за истражување на мислењето на YouGov“, покажува дека секој трет Германец мисли дека сексот измеѓу пријателите е во ред.

 
 

Пријателството со привилегии по сè изгледа дека опфаќа голем дел од јавноста, рекол социологот Јанош Шобин од Универзитетот во Касел. YouGov наведува дека 60% од испитаниците веруваат дека постои ризик еден од вклучените во машко-женското пријателство да посака нешто повеќе од пријателство.

Секој 5-ти испитаник смета дека измеѓу маж и жена не може да има пријателство, се наведува во студијата. Меѓутоа, секој втори испитаник мисли дека неговиот поранешен партнер може да им биде добар пријател. Многумина од испитаниците, за YouGov кажале дека најголем дел од пријателствата ги создаваат на работното место.

  
 

Во студиите се наведува дека 45% од испитаниците рекле дека своите пријатели ги запознале на работа. После работата, како второ место за запознавање се наведуваат средните училишта, факултетите, основните училишта и хобијата.

Што мислите вие, дали сексот измеѓу пријатели е во ред?

(119)

loading...

Вашиот коментар