Прочистете го телото од никотин со овие намирници!

Сите сме многу свесни за негативното дејство на цигарите и никотинот на нашиот организам. Ако сте престанале да пушите или сте страствен пушач, најбрзиот начин телото да го исчистите од никотин е со помош на овие свежи и вкусни намирници.

1. Зелен чај и витаминска вода
Со пушењето телото ја губи потребната течност и организмот брзо доаѓа во состојба на дехидратација. Со пиењето на големи количини вода, витаминска вода или зелен чај ќе го исплакнете никотинот од телото и ќе му помогнете да се исчисти.

 
 

2. Киви и лимон
Осен водата, пушењето од телото ги исфрла и витамините А, Ц и Е, кои го зајакнуваат имунитетот и му помагаат на организмот да се бори против разните инфекции и бацили. За да ги надоместите загубените витамини посегнете по едно киви секој ден или пак редовно пијте природна лимонада.

3. Спанаќ и брокула
Фолната киселина е важна за нормална работа и развој на телото, но исто така му помага на телото да се ослободи од никотинот. Освен во облик на таблети, фолната киселина, но и споменатте витамини можете да ги пронајдете во спанаќот. Брокулата е преполна со витамин Ц и Б5 кои засилено се губат со пушењето.

  
 

4. Свеж морков
Никотинот ја уништува кожата и ја прави безживотна и сува. Доколку сакате да си помогнете јадете што повеќе свежи моркови. Тие содржат големи количини на витамин А, К, Ц и Б кои се главни чистачи на телото. Исцедете ги во соковник помешани со јаболко и лимон или изрендајте ги во вашата салата.

5. Сок од портокал
Овој освежителен напиток го хидрира телото, му ги дава потребните витамини, но и го чисти телото од никотин. Исцедете два портокала, додадете малку вода и пијте го овој освежителен напиток редовно.

(73)

loading...

Вашиот коментар