Работи за кои мажите најчесто лажат

Најважната работа во секоја врска е довербата. Но, факт е дека и мажите и жените подеднакво лажат. За што најчесто лажат мажите?

Постојат драстични разлики за лагите  што ги кажуваат мажите и жените. Истражување спроведено од психологот Бела ДеПауло од Универзитетот Вирџинија открило дека кога жените лажат се фокусираат да им угодат на другите. Но, кога лажат мажите, тоа е поврзано со нивното его.

 
 

Еве кои се најчестиите машки лаги:

1. Да, ми се допаѓаат твоите пријатели
Мажите најчесто лажат кога делат комплименти. Тие знаат да излажат дури и кога нема потреба од тоа. Се плашат да бидат искрени и затоа најчесто кажуваат дека им се допаѓаат вашите пријатели или вашите родители.

  
 

2. Колку партнерки имале
Сексот е сензитивна тема за повеќето мажи. Додека жените се осеќаат под притисок дека мора да бидат секси, мажите најчесто машкоста ја поврзуваат со тоа колку добро ги задоволуваат партнерките. Затоа најчесто лажат за тоа колку партнерки имале, бидејќи сакаат жените да ги доживуваат како искусни љубовници.

3. Плата
Секој маж сонува за високи примања и добри автомобили. Тоа им дава чувство на моќ, особено кога се добро финансиски ситуирани.

4. Висина
Еден од најчестите машки комплекси е висината. Мажите со понизок раст често се чувствуваат несигурно покрај жени со високи потпетици и најчесто лажат за висината.

(37)

loading...

Вашиот коментар