Работи за себе во кои е време да престанете да верувате по 40-тата година

Работите многу се менуваат во текот на животот, посебно кога ќе стигнете до 40-тата година и веќе имате искусено многу работи.

Дел од целите ви се исполнети, но поставувате нови, се посветувате на различни работи и искуството ви влијае на многу одлуки. Сепак, тоа не значи дека не се прават грешки. А, најважно е да ги избегнете оние кои зависат од вас и врз кои имате контрола.

 
 

Секако, тоа се вашите мисли кои постојатно ве мачат, а си ги создавате сами непотребно.

Погледнете кои се работите за себе во кои треба да престанете да верувате по 40-тата:

  
 

„Многу сум чуден/а и никој не ме разбира.

Заменете со: „Различен/а сум и тоа ме прави уникатен/а.“

raboti-za-sebe-vo-koi-e-vreme-da-prestanete-da-veruvate-po-40-tata-godina-02.jpg

„Никогаш нема да бидам доволно добар/а независно колку се трудам.“

Заменете со„Неуспехот е дел од учењето, а не дефиниција за тоа што сум.“

„Ако не можам да го направам совршено, не вреди воопшто да го правам.“

Заменете со„Обидот да се направи нешто ново е секогаш исплатлив дури и ако не изгледа така.“

„Шефот мисли дека сум ужасен/а на работа.“

Заменете со„Шефот ми дава конструктивни критики за тоа како треба да ја завршам работата најдобро што можам.“

raboti-za-sebe-vo-koi-e-vreme-da-prestanete-da-veruvate-po-40-tata-godina-03.jpg

„Сите се подобри од мене.“

Заменете со„Социјалните медиуми не се мерило за реалноста и не може да се споредувам врз база на тоа.“

„Штом досега не си најдов некој, значи засекогаш ќе останам сам/а.“

Заменете со„Тоа што сега не можам да го најдам вистинскиот партнер, не значи дека никогаш нема.“

raboti-za-sebe-vo-koi-e-vreme-da-prestanete-da-veruvate-po-40-tata-godina-05.jpg

„Морам да ослабам многу бидејќи никогаш нема да си најдам дечко/девојка.“

Заменете со„Сите изгледаме различно и тоа е тоа што нè прави посебни. Ќе најдам некој што ќе ме сака ваков/ваква.“

„Ќе бидам среќен/а само кога ќе ја постигнам следната зацртана цел.“

Заменете со„Среќен/а сум и сега за многу работи што ми се случиле досега и на кои сум благодарен/а, а тогаш уште повеќе ќе се расувам.“

„Ова е најлошото нешто што ми се случило.“

Заменете со„Сите имаат падови и лоши денови. Ќе поминам преку ова.“

„Не можам да излезам без шминка.“

Заменете соВо ред е да не сум нашминкана 24/7, никој не е совршен.

raboti-za-sebe-vo-koi-e-vreme-da-prestanete-da-veruvate-po-40-tata-godina-06.jpg

 

(48)

loading...

Вашиот коментар