Седум техники за победа над несоницата

Светот во кој живееме прави да е сѐ полесно да западнеме во бесконечен циклус од умор и несоница, а тоа може да биде многу лошо за здравјето. Но, не губете надеж бидејќи постои начин да се справите со несоницата.

Најважната работа за избегнување на несоницата е одржувањето на организиран живот. Ако ги сведете секојдневните обврски и случувања во една рутина, многу полесно ќе дојдете до редовен и добар сон.

 
 

Најпрво, средете ја спалната соба. Не ја користете како дневна соба, канцеларија или магацин – таа треба да ви служи само за спиење. Обидете се да заспивате без дистракции од типот на вклучен телевизор, телефон во рацете, таблет или пак лаптоп на кој е пуштен филм. Светлината од овие уреди ќе ви го попречи сонот и дури и ако заспиете во такви услови, наредното утро ќе се разбудите во лошо расположение.

Како што напоменавме погоре, рутината е многу важна за добриот сон. Затоа, добра идеја е секоја вечер да легнувате во исто време за да ја стекнете таа рутина. Покрај тоа, можете да направите ритуал пред легнување кој ќе му помогне на телото да препознае дека е време за спиење. Истуширајте се, пуштете музика додека се подготвувате за легнување и потоа директно на спиење! Бонус совет: не го проверувајте часовникот кога се обидувате да заспиете. Помислата на времето, периодот од ноќта и утрешните обврски не се она што ви треба во таквите моменти.

  
 

Алкохолот може да влијае на добриот сон – негативно. Мора да обрнувате внимание што јадете и што пиете, бидејќи лошата храна, газираните пијалаци, алкохолот и шеќерите предизвикуваат потешкотии со спиењето.

Ако навистина не можете да заспиете, најдобро е да го прекинете мачењето и да станете од кревет. Станете, опуштете се и направете си да ви биде удобно. Следното враќање во кревет направете го дури откако ќе се почувствувате уморни и подготвени за спиење.

Паметна идеја е да одржувате дневник за спиење, во кој ќе запишувате што ви се случува секоја вечер пред и по спиењето. Запишувајте ги ритуалите кои ги правите пред легнување, како и она што го правите прво откако ќе станете од кревет. Така ќе знаете која од тие работи ви годи, а која е штетна за вашиот сон.

Доколку ништо од ова не ви помогна, време е да се свртите кон технологијата. Постојат голем број мобилни апликации за Android и iOS кои можете да ги инсталирате, а кои ќе ви помогнат да имате мирен и здрав сон. Некои од нив, како Sleep Cycle, Apple Bedtime, Pillow и Pzizz се целосно бесплатни и можете да ги преземете кога и да посакате.

(14)

loading...

Вашиот коментар