Секојдневни проблеми кои се решаваат со кокосово масло

Кокосовото масло е богато со специфични масни киселини, кои имаат голем број на позитивни ефекти врз човековото здравје.

Покрај добропознатите употреби на кокосовото масло како средство за брзо избелување на забите и чистење на кожата на лицето, постојат уште многу други корисни употреби за кои сигурно не сте знаеле.

 
 

Еве дел од нив:

За добро здравје
1. За лекување рани: Нанесете малку кокосовото масло за побрзо зараснување на раните.
2. Воспаление на грлото: Антивоспалителните ефекти на кокосовото масло ќе ви помогнат да го излекувате болното грло. Исплакнете ја устата и грлото и веднаш ќе забележите подобрување.
3. За тироидна жлезда: Истражувањата покажале дека редовното консумирање на кокосовото масло ја подобрува функцијата на тироидната жлезда.
4. За коските: Користењето на ова масло може да ја намали појавата на болести на коските како остеопороза и артритис.
5. За заштита од комарци: Измешајте неколку капки есенцијално масло од иланг-иланг и кокосово масло и намачкајте ја кожата.

  
 

За убавина
1. Против брчки: За да ја спречите појавата на брчки, вклучете го кокосовото масло во вашата храна и намачкајте го на лицето.
2. Крема за очи: Нанесете кокосово масло околу очите пред да си легнете и за кратко време ќе забележите како се намалуваат брчките.
3. Лек против првут: Кокосовото масло го навлажнува скалпот и помага да се ослободите од првутот. Нанесете малку масло на врвовите од косата и оставете го преку ноќ.
4. За нежни усни: Нанесете малку кокосово масло на усните и тие веднаш ќе омекнат.
5. Зацврстување на ноктите: Доколку ноктите ви се кршат, намачкајте ги со кокосово масло.

За готвење
1. Додаток во смути: Додадете една лажица кокосово масло во омиленото смути и ќе забележите како ги снемува вишокот килограми.
2. Замена на масло за печење и пржење: Мастите кои кокосовото масло ги содржи, дури и при загревање ги задржуваат нивните здрави карактеристики, за разлика од растителните масла.

За бремени жени и деца
1. За градите: Кокосовото масло е здраво и безбедно за премачкување на пукнатините на брадавиците при доење.
2. Против стрии: Премачкувајте го стомакот со кокосово масло за време на бременоста и спречете го создавањето на стрии.
3. За одржување на бебешката кожа: Намачкајте го бебето со марамче потопено во кокосово масло, секогаш кога ја менувате пелената.

За домашна употреба
1. За подмачкување на домашните апарати: Премачкувањето на домашните апарати со кокосово масло ќе спречи создавање на ’рѓа.
2. Заглавен патент: Доколку некој патент е заглавен и не можете да го одглавите, само нанесете малку кокосово масло и проблемот ќе биде решен.
3. Палење на оган: Натопете малку памук во кокосово масло и лесно запалете оган секогаш кога ви е потребно.

(155)

loading...

Вашиот коментар