Секојдневно земајте го овој протеин: Ја чува косата, го лекува црниот дроб и го намалува целулитот

Со стареењето, се намалува производството на колаген во телото, кожата се опушта и настануваат болки и вкочанетост на екстремитетите

Колагенот е застапен во мускулите, коските, кожата, крвните садови, дигестивниот систем и зглобовите, а молекулите на колагенот се преголеми за да се апсорбираат преку кожата, поради што мора да се земаат преку храната.

 
 

Освен за убава кожа и здрави зглобови, колагенот е важен за јакнење на ноктите, забите и косата, за здравјето на црниот дроб и дигестивниот систем, но и за подобрување на кардиоваскуларниот систем.

Здравје на кожата
Според едно истражување спроведено на жени на возраст помеѓу 34 и 55 години, употребата на 2,5 до 5 грама колаген дневно за време на осум недели, значително ја подобрила еластичноста, хидратацијата и мекоста на кожата односно ја намалила нејзината сувост без никакви негативни ефекти. Се верува и дека употребата на колаген ги намалува целулитот и стриите.

  
 

Болки во зглобовите
Болката во нозете или вкочанетоста е еден од знаците на недостаток на колаген, а истражувањата покажале дека земањето на овој протеин, им помогнало на пациентите со ревматоиден артритис и им ги намалило симптомите на отекување на зглобовите.

Јакнење на ноктите, забите и косата
Колагенот има важна улога во изградбата на ноктите, косата и забите, па со негово додавање во исхраната, тие може да зајакнат, а во некои случаи го спречува и паѓањето на косата.

За здравјето на црниот дроб и подобрена дигестија
Аминокиселините на колагенот помагаат при заздравувањето на црниот дроб по апсорпција на штетни супстанции, отрови и алкохол.

Заштита на кардиоваскуларниот систем
Колагенот ја содржи аминокиселината пролин која им помага на ѕидовите на артериите при ослободувањето на мастите во крвотокот.

(113)

loading...

Вашиот коментар