Ставете го ова на косата ако многу ви паѓа – го решава проблемот

Постојат билки кои помагаат да се решиме од опаѓањето на косата, а една од нив е копривата.

Измијте ја косата и исплакнете ја и со чај од коприва, кое ќе ја направи косата сјајна и ќе го поттикне растот.

 
 

Може да сварите чај од коприва или да земете една лажица коприви суви и литро врела вода.

Нека стои два часа смесата пред да процедите, па исплакнете ја косата.

  
 

Совет плус: Ставете ракија на косата- ќе се изненадите од резултатите

Ракијата ја подобрува циркулацијата, па штом ќе ја нанесете на темето, ќе почувствувате пецкање и топлина. Постапката е многу едноставна, а сигурно ја знае и вашата баба, бидејќи овој рецепт за бујна коса потекнува токму од бабите.

Земете малку ракија и нанесете ја директно на кожата на главата. Потоа со прстите масирајте со кружни движења, така што ќе се распореди по целата глава. Потоа наведнете ја главата и продолжете да масирате уште неколку минути. Набрзо ќе почувствувате топлина и пецкање, но тоа не треба да ве загрижува.

Ракијата е моќно средство за чистење на кожата, токму она што им е неопходно на модерните девојки. Поради секојдневното користење серуми, ампули, балсами, хемиски препратари пени и сл. кои се задржуваат и по миењето, порите на кожата на главата се затвораат, што директно влијае на квалитетот и растот на косата, а често и го засилува опаѓањето. Затоа од време на време кожата на главата треба да се чисти темелно, а ракијата е најевтиното и најздраво решение.

За да не ја оштетите косата, ракија не се нанесува на целата коса, туку само на темето на главата. Старите на овој начин лекувале првут.

Кај македонскиот народ отсекогаш постоело верување дека ракијата е многу лековита и дека понекогаш една чашка од неа може поволно да влијае на здравјето. Ова сега го потврдуваат и некои медицински истражувања.

Како што се наведува во српскиот весник „Poljoindustrija“, истражувањата покажале дека умерено конзумирање ракија ја зголемува концентрацијата на позитивниот, а ја намалува на негативниот холестерот, како и дека оние кои умерено конзумираат од овој жесток пијалак, а боледуваат од кардиоваскуларни заболувања може да спречат инфаркт, срцеви болести, зголемен крвен притисок…

„Една чаша ракија на ден лечи воспалување на внатрешниот ѕид на крвните садови во кои се наоѓаат масни наслаги кои може да предизвикуваат пукање и срцев удар. Исто така, ракијата го забавува создавањето тромбови и го заврзува нивното разложување, ако постојат“, се вели во текстот. Притоа, под умерено конзумирање ракија се подразбира една до две чаши кои содржат 10 грама алкохол, што одговара и на една кригла пиво, чаша вино или чашка жесток пијалак.

Од друга страна, ако често се конзумира голема доза на алкохолни пијалаци, тогаш дејството е штетно, бидејќи може да го оштети срцевиот мускул и да доведе до грчење на периферните крвни садови.

(320)

loading...

Вашиот коментар