Студен туш за здравје

Ваквиот тип на туширање со ладна вода го подобрува расположението и може да се користи како ефикасен лек против депресија.

За време на летните жештини студениот туш е многу пријатен за многумина. Други, пак, се придржуваат кон идејата дека убав туш е всушност топлиот туш.

 
 

Студениот туш дејствува тонизирачки и го озбедува со енергија телото, па можете спокојно утринското кафе да го замените со ваков туш. Во вечерните часови, студениот туш ќе ви помогне да се ослободите од стресот и акумулираната напнатост во текот на денот, како и да ви дадете здрав и убав сон. Ваквиот тип на туширање со ладна вода го зголемува расположението и може да се користи како ефикасен лек против депресија.

Според многу истражувања се потврдило дека ладниот туш ја подобрува срцевата и респираторната активност, го заситува телото со кислород, помага за подобра циркулација на крвта и метаболизмот. Редовното капење со ладна вода, исто така, ги спречува артериските проблеми, главоболките, вртоглавицата, подигањето или падот на крвниот притисок.

  
 

Капењето со ладна вода има и диететски ефект, бидејќи го забрзува метаболизмот и помага да се отстрани вишокот маснотии од телото. Студот го стимулира распаѓањето на кафеавата маст на телото (онаа чија функција е да го загрее телото и да предизвика потење). Туширањето со ладна вода го стимулира формирањето на белите крвни клетки, што значи дека имунолошки систем станува посилен.

Топла вода ја суши кожата и стимулира нејзино мастење. Студената вода, исто така, помага во одржување на здрава коса – ја прави сјајна и видливо поздрава, забавувајќи го нејзиното мастење бидејќи ги затвора порите. Студениот туш во комбинација со масажа, исто така, помага да се намали целулитот.

(15)

loading...

Вашиот коментар