Тешко вас ако сте меѓу нив: Овие луѓе највеќе привлекуваат комарци

Комарците очигледно имаат свои причини зошто некои луѓе каснуваат почесто од други.

-Нема сомнеж дека некои луѓе на комарците им се попривлечни поради течноста што ја лачат, како и поради нивната посебна кожна флора-тврди ентомологот Џозеф Конлон, технички советник на американското Здружение за контрола на комарците.

 
 

Тука се вбројуваат четири групи на луѓе.

Бремени жени
Комарците, поточно женките комарци ги привлекува јаглеродот, кој луѓетото го произведуваат додека дишат. Бремените жени издишуваат повеќе јаглерод во подоцниот период на бременоста(околу 28 недела) и тоа за 21 отсто повеќе од жените кои не се бремени. Тоа значи дека крвопијците имаат можност да обрнат посебно внимание на нив.

  
 

Луѓето кои вежбаат
Комарците посебно се агресивни ако намирисаат некој кој штотуку трчал, вежбал или се занимавал со друга физичка активност.

Ги привлекуваат млечните киселини кои засилено се произведуваат во мускулите и се излачуваат низ потта.

Луѓето кои пијат алкохол
Студијата спроведена на западот на Африка покажал дека мажите кои пијат пиво, им се посласно јадење од оние кои пиеле вода. Некои експерти сметаат дека тоа е поради тоа што алкохолот ја крева телесната темепература, а тоа им е неодолливо на комрците.

Луѓе со крвна група О
Комарците најмногу ги привлекуваат луѓето со крвна група О. Веројатноста комарецот да касне некој со таа крвна група е дури за 83 отсто поголема.

Луѓето со крвната група О имаат склоност да излачуваат одредени мириси кои комарците ги сметаат за атрактивни. Комарците најмалку ги привлекуваат луѓето со крвната група А.

(355)

loading...

Вашиот коментар