Топ 3 коктели од лубеница совршени за на плажа

Совршени за топлите денови и за на плажа, овие три коктели ќе ве освежат и ќе ви го поткренат расположението.

Коктел од лубеница и лимета
За да го подговите овој безалкохолен освежителен пијалак потребно е –3 чаши лубеница сечена на коцки, сок од 2 лимета, мраз и вода.

 
 

Лубеницата се сечка на мали коцки, се отстрануваат семките, потоа ја ставаме во блендер додека не добиеме пенлив сок. Ги цедиме лиметите и добиваме сок. Прво го претураме во чаши сокот од лубеница на тој начин што пола чаша да биде сок од лубеница, па потоа го додаваме сокот од лимета, а останатиот дел во чашата го дополнуваме со вода и мраз.

  
 

Коктел од лубеница и диња
Потребно е – 1,5 килограм лубеница и диња, 1 авокадо, 150 грама шеќер, 200 мл бело вино, арома од ванила, 1 лимон.

Подготовка – Сварете ги заедно виното, шеќерот и аромата од ванила додека не зовријат, а потоа отавете да се оладат. Лубеницата, дињата и авокадото исечкајте ги на коцки, отстранете ги семките и ставете ги во блендер додека не добиете пенлив сок, потоа на сокот додадете го и сокот од лимон. На крајот додадете го густиот сок добин од виното, шеќерот и ванилата и оставете во фрижидер еден час.

Коктелот послужете го во високи чаши, додадете мраз по желба и украсете го со парченца диња или лубеница.

Пијана лубеница
Пијаната лубеница ќе ви ги разбуди сите позитивни мисли и чувства. Рецептот е многу едноставен, а правилата сами си ги поставувате според сопствениот вкус.

Потребна ви е една лубеница со големина од околу 5 килограми. Пола литар омилен алкохолен пијалок (најчесто се користи вотка), 250 грама сечкан ананас и 250 грама сечкана праска.

Измијте ја добро лубеницата, пресечете ја на половина и од едната половина извадете ја сочната содржина. Во издлабената лубеница ставете ја вотката, а потоа додадете го и исечканото овошје (ананас и праска). Добро измешајте и оставете половина час да се разлади во фрижидер. Во меѓувреме и овошјето ќе го впие алхохолот. Украсете со неколку листови нане и пред да послужите додајте неколку коцки мраз.

(20)

loading...

Вашиот коментар