Чудните навики на Мадона: Бившиот сопруг открил бизарни детали од нивниот сексуален живот

Мадона важи за ексцентрична пејачка која отсекогаш привлекувала внимание на сите можни начини.

„Луѓето уште не знаат колку сум добра, но наскоро ќе дознаат. За неколку години сите ќе го знаат тоа. Всушност, планирам да станам една од најголемите ѕвезди на веков“, изјавила Мадона во едно интервју.

 
 

Стилови, трендови, венчавки и разводи, јавни настапи со специфични кореографии, како и гласини за нејзината избувлива природа… сите овие детали отсекогаш се наоѓале под будното око на јавноста.

  
 

Она што посебно ги интересира медиумите и фановите е нејзиниот љубовен живот, кој таа никогаш не го криела, но секогаш кога ќе се појави некој нов детаљ, фокусот е на неа. Па така и овој пат, јавноста се шокирала поради деталите што ги открил нејзиниот поранешен сопруг Гај Ричи со кого популарната пејачка очигледно не успеала да ги реши несогласувањата што ги имале за време на бракот.

По девет години брак, овој пар се развел, а нивниот развод бил многу валкан, па Британецот одлучил да сподели со јавноста дел од сексуалните навики на Мадона. Во интервјуто за списанието „Girl“, Ричи открил дека пејачката била роб на нејзиното алтер его.

„Таа е егоцентрична и површна. Има и чудни сексуални навики. Умислена е, а за време на односот смеев да слушам само нејзина музика. Сакаше да води љубов на посебна фотелја опремена со аудио опрема, што значеше дека за време на многу неудобниот секс морав да слушам и гласна музика која секогаш беше иста. Не е нормална. Во текот на сексот слушавме песни како што се ‘Vogue’ или ‘Holiday’. Ги знам сите нејзини песни на памет“, се пожалил Гај.

(752)

loading...

Вашиот коментар