Што да направите кога ќе изгорите на сонце и кожата ќе почне да ви се лупи?

Секој човек барем еднаш во својот живот се здобил со благи изгореници предизвикани од невнимателна изложеност на сонце. По изгорениците следува лупење на кожата и многу е важно во текот на овој период да внимавате на кожата уште повеќе.

Потребата да се отстрани мртвата кожа со раце е голема, но никако не го правете тоа! Секое забрзано отстранување на изгорената кожа може да го забави процесот на регенерација. Најдобро е да и се дозволи на кожата да се „излупи” и да се ослободи од мртвите клетки.

 
 

Процесот на лупење може да трае два до четири дена откако црвенилото од изгорениците не исчезне или по една недела, во зависност од тежината на изгорениците. За жал, не може да се спречи лупење на изгорената кожа. Важно е редовно да се користат креми со заштитен фактор и да се избегнуваат изгореници.

Лупењето на кожата има посебна намена: на овој начин вашето тело ги отстранува клетките на кожата оштетени од УВ зраците на сонцето. Другата добра вест е дека можете да го забрзате процесот на лекување со некои од препаратите што веќе ги имате дома.
Користете навлажнувачки креми и лосиони кои ќе ја потхрануваат кожата или мед. Можете исто така да користите овесни снегулки натопени во млеко и ладни крпи: да го натопите пешкирот со кисело млеко или зелен чај.

  
 

(20)

loading...

Вашиот коментар