Што се случува во телото ако секој ден јадете луто пиперче

Дека лутото е навистина здраво, тоа го знаеме веќе одамна, но дека е толку многу здраво, тоа не сме го знаеле!

За Хилари Клинтон тврдат дека редовно грицка лути пиперчиња “јалапено”, исто како што некои луѓе уживаат во чипсот од компир.

 
 

Tоа не е токму она што го советуваат лекарите, но новите истражувања направени на Универзитетот во Вермонт, кои биле спроведени во период од 6 години, покажуваат дека дефинитивно постои тесна врска помеѓу консумирањето на лута храна и стапката на смртност.

Верувале или не, студијата укажува на тоа дека само едно луто пиперче на месечно ниво е доволно за да се намали ризикот за смртоносен срцев или мозочен удар, за дури 13 проценти!

  
 

Но, што всушност се случува во нашиот организам кога јадеме луто?

Лутата храна помага при слабеење
Капсаицин, супстанца која прави лутите пиперчиња да бидат толку лути, придонесува кон способноста на организмот за тој да ја претвора таканаречената „бела маснотија” во „кафеава маснотија”. A „кафеавата маснотија”, според мислењето на истражувачите, е „паметна маснотија” која му помага на човечкото тело да ги согорува маснотиите многу поефикасно.

Мажите кои консумираат лута храна имаат повисоко ниво на тестостерон
Ова го покажуваат резултатите на една психолошка студија, значи не се работи за физиолошки докази, туку за корелација. Исто така, се покажало и дека подложноста кон капсаицин укажува и на подложност кон агресија, ризични постапки и доминантно држење.

Капсаицинот помага во регулирање на нивото на шеќерите
Секој пат кога ќе изедеме храна која содржи јагленихидрати, нашето ниво на шеќер во крвта се менува. Меѓутоа, со додавање на лути пиперчиња во јадењето, се спречува скокот на шеќерот во крвта при оброкот, покажа истражувањето спроведено од страна на нутриционисти, уште пред десетина години. Ова се покажало како особено делотворно кај пациенти заболени од дијабетес тип 2.

(288)

loading...

Вашиот коментар