Што се случува кога мажот нема секс една година?

Велат дека мажите мислат на секс на секои 20 секунди, па токму поради тоа тешко им е да останат без секс за подолг период на време.

Питер (34) се воздржува од секс цела година. Она што започна како залог со неговиот цимер заврши со донација од 50 илјади долари за добра кауза. Тој ги користи парите за да им помогне на девојките во Камбоџа, кои се жртви на сексуална трговија.

 
 

Година дена без секс е навистина голем предизвик. Питер открива детали за своето уникатно искуство и како апстиненцијата од секс влијаело на неговиот живот.

– Пред да почнам со предизвикот, излегував со многу различни девојки. Ми се случуваа премногу работи и сакав да направам пауза.

  
 

Почнав да излегувам со една девојка. Претходната година не сакаше ништо со мене, затоа што сакав да легнам со неа веднаш, но кога не можев да го направам тоа и станав интересен. Многу бев разочаран, бидејќи бакнежот води до секс. Си велев „гајле ми за каузата”. Бев како опседнат, психологијата и биологијата моја надвладеаја. Мило ми е што таа ме застана.

Можев да мастурбирам, но направив експеримент и престанав и тоа за 3 месеци. Ова е одличен начин за промена на фокусот на енергијата. Искусив духовна промена. Медитацијата го промени мојот живот. Видов цитат од Далaј Лама, кој вели дека ако секое 8-годишно дете се научи да медитира, мирот во светот ќе настапи по една генерација и тоа ми даде инспирација.

Во новогодишната ноќ решив да бидам трезен и да не спијам со никого. Поминав едно духовно патување и ги гледав работите поинаку. Мораше да се справам со демоните од минатото, кои во суштина беа причината поради која постојано правев секс со различни девојки. Требаше да изградам врска со себе си. Сега сум пореален и имам голема поврзаност и длабочина во моите врски.

(336)

loading...

Вашиот коментар