Што се случува кога пиете алкохол на ниски температури?

Зимата и студеното време се пред нас. За многумина зимата е асоцијација на студени денови „залеани“ со чашка алкохол за да се стоплат. Но малкумина знаат дека алкохолот ќе ги загрее само за кратко.

Што се случува кога се пие алкохол на ниски температури?
Алкохолот ја намалува телесната температура на телото. „Алкохолот ги намалува рефлексите во телото на човекот, меѓу кои и рефлексот кој ја одржува температурата на телото во услови на ниски температури. Овој процес започнува со првата чаша алкохол, што резултира со намалување на основната телесна температура“ вели д-р Вилијам Хејнс, директор на фармакологија на Универзитетот во Ајова

 
 

Но како алкохолот делува, и зошто предизвикува да се чувствувате потопло а всушност ви станува поладно?

Пиете и губите топлина
Алкохолот е вазодилататор. Тоа значи дека доведува до ширење на крвните садови, особено на капиларите под површината на кожата. Со конзумирање на алкохол, се зголемува циркулацијата под површината на кожата што доведува луѓето да се стоплат. Ова пак ја намалува природната одбрана на телото од ниски температури. Природниот механизам на телото ги стеснува крвните садови, со што се минимизира протокот на крв во кожата, со цел да се задржи основната температура на телото.

  
 

Со пиење на алкохол на ниски температури, топлина се чувствува благодарение на дополнителната крв која ја затоплува кожата. Но таа крв брзо ќе се олади како резултат на студениот воздух. Дополнително, топлината која ја носи крвта под површината на кожата, ја намалува внатрешната топлина на телото. Ова доведува до брз пад на телесната температура, пред лицето да забележи, бидејќи сеуште се чувствува топлината од периферната циркулација што ја предизвикал алкохолот.

Дополнителен ризик
Но ова не е единствената опасна работа што може да се случи ако се пие алкохол во услови на ниски температури. Според една студија направена од страна на Институтот за истражување на животната средина и медицина, пиењето алкохол на ниски температури ја намалува способноста на телото да се тресе, одземајќи му уште еден одбрамбен метод кој телото го користи за да се загрее кога е студено.

Алкохол и хипотермија
Исто така пиењето алкохол често е поврзано со хипотермија, кога температурата на телото опаѓа до критично ниво. Оваа животозагрозувачка состојба е една од најечстите причини за смрт за време на екстремно ниски температури. Луѓето кои пијат чуствуваат топлина и најчесто не се облекуваат соодветно на временските услови. Сето ова е дополнителна опасност од смртоносна хипотермија.

Затоа треба да се заборават старите верувања дека алкохолот помага да се стоплиме на ниски температури. Пијте алкохол но бидете сигурно дека тоа го правите некаде скриени на топло, не на надворешни температури.

(12)

loading...

Вашиот коментар